Breaking News

ДОКТОР РИСТО СИМЕОНОВ ВО „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: ПАЦИЕНТИТЕ ЌЕ СЕ ЛЕКУВААТ ВО ШТИП, БИТОЛА, ТЕТОВО… НЕ САМО ВО СКОПЈЕ


Регионализација, укинување на партиципацијата за лекови од позитивната листа, укинување на партиципацијата за специјалистички и субспецијалистички прегледи, на болничката партиципација за пензионери, малолетни лица и за ранливите категории се клучните реформи што треба да се направат во македонскиот здравствен систем. Ова се согледувањата на детскиот хирург во приватното здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Ристо Симеонов, искажани во поткастот „Каде се парите?“. Искусниот доктор, кој 20 години минал во јавното здравство, ги знае неговите болки и болести и смета дека се потребни сериозни хируршки резови за тој систем да се излечи и да застане на свои нозе.


За да ја реализира таа визија, вели, преку ВМРО-ДПМНЕ ќе го вложи својот интегритет, своето искуство и знаење, сѐ со цел – да се креира функционален здравствен систем од кој ќе имаат добробит и пациентите и здравствените работници, што во Македонија го нема повеќе од 34 години.


„За себе и за своето семејство имам доволно. Меѓутоа, не е идејата себичност или добробит само за себе и за блиските околу тебе. Ако другите немаат среќа и вие нема да имате квалитетен живот. Затоа одлучив да креирам здравствена политика во интерес на сите граѓани на Република Македонија. Да не се лажеме, сам не можете ништо да направите. Мора да формирате тим за да создадете позитивна енергија и да формирате соодветен здравствен систем кој ќе биде функционален и од интрес на сите граѓани“.

Симеонов верува дека министер за здравство треба да биде сериозна, квалитетна личност, реализирана и професионално и приватно, и најважно од сѐ – „никому да не должи  ништо“.