СООПШТЕНИЕ – Делегација на Собранието на Република Северна Македонија, предводена од потпретседателот и претседател на Комисијата за европски прашања, Антонијо Милошоски, и членовите на Комисијата: Рашела Мизрахи, Митко Трајчулески и Дијана Тоска, учествуваше на Самитот за парламентарна димензија на Берлинскиот процес, кој се одржа на 9 октомври 2024 година во …
Повеќе »Tag Archives: ВЕСТИ
Парите од унгарскиот кредит наменети за компаниите ќе одат преку Развојната банка, се очекува да бидат достапни до Нова година
Парите од унгарскиот кредит наменети за бизнис секторот ќе одат преку Развојната банка која треба да преговара со комерцијалните банки под кои услови ќе им бидат дадени на компаниите. Парите се очекува да бидат достапни до крајот на годинава. – Во текот на следната недела очекуваме да биде направен преносот …
Повеќе »Таравари: Кога етничката припадност е уставна категорија, потребен е нов закон
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во одговор на новинарско прашање да го искоментира укинувањето на „балансерот“ од страна на Уставниот суд, рече дека бидејќи етничката припадност е уставна категорија, неопходен е нов закон. -Уставниот суд за 100 дена реши да ги извади на површина проблемите кои седат со години, …
Повеќе »Николовски од Софија: Силно сме посветени во остварување на заедничките цели во борбата со нелегалната трговија со дрога
Царинските управи имаат важна водечка улога за националната безбедност, но и меѓународната безбедност. Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците, при што целта им е забранетите супстанци да стигнат на таргетираните аеродроми и потоа да ја дистрибуираат на разни пазари. Наша задача е преку зголемена соработка, размена на искуства …
Повеќе »Таравари: Ќе излеземе со извештај за случаите за смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, понатаму судските и истражните органи треба да делуваат
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека ќе излезат со извештај во врак со смртта на бремената жена и 14-месечното бебе, а натаму останува на судските и истражните органи да делуваат. – Извештаите се подготвени, скоро комплетирани. Чекав извештај од професионални компетентни педијатри за да дадат одреден заклучок. Се …
Повеќе »СМАРТ Балкан проект – отворен нов повик за грантови за граѓански организации
Центарот за истражување и креирање политики и оваа година доделува грантови на грашански организации, во рамките на проектот СМАРТ Балкан – Граѓанско општество за поврзан Западен Балкан, кој е поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка. Јавниот повик за грантови за Национални интервенции е отворен до 21 октомври …
Повеќе »Одржана седница на Советот на Народната банка, усвоен е кварталниот извештај за ризиците во банкарскиот сектор
Советот на Народната банка одржал редовна седница на која бил разгледан и усвоен најновиот Извештај за ризиците во банкарскиот сектор за второто тримесечје од 2024 година. Од Народната банка денеска соопштија дека во Извештајот се наведува дека во вториот квартал од 2024 година, банките работеле во поповолно домашно макроекономско окружување, …
Повеќе »Промоција на волонтерската програма на Собранието
Во македонскиот Парламент денеска свечено ќе биде отворена Волонтерската програма на Собранието. Најавени се поздравни обраќања на претседател на Собранието Африм Гаши, генералната секретарка Марина Димовска, в. д. раководителот на Фондацијата за демократија на Вестминстер Петар Трајков и поранешната генерална секретарка на Собранието Цветанка Иванова. На настанот ќе биде презентирана …
Повеќе »Менталното здравје на работното место – годинава тема на одбележувањето на Светскиот ден
Универзитетската клиника за психијатрија денеска на плоштадот „Македонија“ ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје, годинава на тема „Време е да се приоритизира менталното здравје на работното место”. На настанот чија цел е да се подигне свеста за важноста на менталното здравје ќе присуствува и министерот за здравство Арбен …
Повеќе »Тркалезна маса за креирање стручно образование по мерка на бизнисот
Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“. Тркалезната маса се организира како резултат на спроведената анкета меѓу компаниите членки на Комората. Наодите од анкетата ќе бидат …
Повеќе »