Breaking News

Tag Archives: ВЕСТИ

ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари

Вториот круг претседателски избори и парламентарните избори утре ќе ги следат 1303 домашни набљудувачи, 860 странски набљудувачи и 83 странски новинари, информира на денешната седница на Државната изборна комисија, нејзиниот член Бобан Стојаноски. Претходно тој информира дека до ДИК пристигнале барања за акредитации за набљудувачи за изборите за претседател и …

Повеќе »

Белгиецот Ванхојте ќе биде медијатор за отворање на патот за преговорите на земјава со ЕУ

– Белгиецот Питер Ванхојте, на иницијатива на белгиското претседателство со ЕУ ќе спроведе проект на релација Скопје и Софија, односно ќе биде медијатор олеснувач, со кој ќе се отвори патот за уставните измени и ќе се обезбедат гаранции дека на патот на Северна Македонија до членство нема веќе да има …

Повеќе »

Во црквата во Пустец наскоро заедничка богослужба на митрополитите г. Петар и г. Јован

Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и  Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован. Ова е договорено на велигденската средба во седиштето на Митрополијата на Корча, на лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ Васил Стерјовски и …

Повеќе »

Бензините поевтинуваат за денар ипол, а дизелот за еден денар по литар

– Бензините и Екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари за литар, а цената на дизелот се намалува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување …

Повеќе »

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

Има промени во цените на житото на светските берзи, но засега, барем најмалку 1,5 до два месеца, цената на лебот и на останатите основни прехрабени производи во земјава нема да се промени, велат пекарите. Според нив, по месец-два повторно ќе се прави анализа со оглед на руско-украинскиот конфликт и турбуленциите …

Повеќе »

Писонеро: ЕУ очекува сите политички сили во Северна Македонија да го поддржат напредокот на европскиот пат 

Европската Унија верува дека сите политички сили во Северна Македонија ќе го поддржат напредокот на земјата на европскиот пат, порача денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика и проширување Ана Писонеро во однос на очекувањата од утрешните претседателски и парламентарни избори.  – Ние јасно ја поддржуваме перспективата за членство …

Повеќе »

Самит на „Македонија 2025“ на 15 и 16 мај во Скопје

– Над 400 гости, околу 50 панелисти поделени на 12 панели и три главни говорници ќе има на годинашниот Самит во организација на невладината „Македонија 2025“, што на 15 и 16 мај ќе се одржи во Скопје, на кој главен фокус ќе биде како да дојдеме до повисоки стапки на …

Повеќе »

Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти

Цените на угостителските услуги во април во споредба со март се зголемени за 2,5 проценти, а во однос на истиот период лани има зголемување од 5,9 проценти. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 13,5 проценти. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги …

Повеќе »

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Северна Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР. Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за …

Повеќе »

Тасевски: Денот на полицијата е симбол на пожртвуваноста, одговорноста и храброста

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Сашо Тасевски упати честитка до полициските службеници, пензионирани и идни полицајци, вработени во МВР по повод 7 Мај – Денот на полицијата порачувајќи им на колегите да бидат пример за полициската професионалност и ефикасност во служба на граѓаните. -Овој ден, 7 Мај …

Повеќе »