ВЕСТИ

Шестмина повредени од кои еден потешко во судир на два „голфа“ на патот Скопје-Тетово

Шест лица се повредени, од кои едно потешко во сообраќајна несреќа што се случила вчера помеѓу две возила „голф“ на регионалниот пат Скопје-Тетово. Како што соопшти МВР, во 17. 25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с. Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило …

Повеќе »

Спасовски за „Политика“: Ретроградните процеси нема да донесат ништо добро

– Ретроградните процеси нема да донесат ништо добро. Мораме да градиме добри меѓусебни односи, бидејќи не можеме да живееме во историјата. Засега официјалната порака на Бугарија е дека ја поддржува македонската држава и македонскиот народ, како што ние ги поддржуваме добрососедските односи и зајакнувањето на соработката, вели министерот за внатрешни …

Повеќе »

Николова: Изборот пред секоја партија и пратеник е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да го продолжиме европскиот пат, да оствариме уште еден национален интерес. . Извор: МИА

Повеќе »

Запленетите 160 килограми кокаин биле скриени во контејнер со банани

– Во контејнер со банани што во Грција пристигнал од Латинска Америка биле откриени 161 килограм и 23 грама кокаин, што всушност е втора пратка и поврзана со онаа од почетокот на мај кога македонската и грчката полиција во координација со американската ДЕА запленија 104 килограми кокаин и беа уапсени …

Повеќе »

Во Куманово се одржа фестивалот „Распеано детство“

Фестивалот на детска песна „Распеано детство“ се одржа во Младинскиот културен центар во Куманово, во организација на здружението „Етно ризница“. – Пред преполната сала настапија 18 дечиња. Фестивалот традиционално имаше меѓународен карактер, оваа година настапија дечиња од Србија – Бујановац и Крушевац и од Ќустендил – Бугарија. Се пееше на …

Повеќе »

Времен сообраќаен режим за „Охрид трчаТ“ утре во Охрид

Низ дел од охридските улици утре ќе биде воведен времен сообраќаен режим во периодот од 8 до 11:30 часот поради одржување на трките од седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. – Ве повикуваме да бидете дел од нашата визија и заедно да покажеме почит и разбирање кон сите оние …

Повеќе »

Спасовски за „Политика“: Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени

Просперитетот на граѓаните зависи од исполнувањето на обврските на државата, кои вклучуваат уставни измени, бидејќи ова е чекор за иднината на државата. Парламентот е дом на демократијата, каде треба да преовладува мислењето што е во интерес на државата. Само декларативно, лицемерно е да се каже дека сакаме да бидеме во …

Повеќе »

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција во Хрватска организирана од ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција организирана од Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), што се одржува во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан кој традиционално обединува гувернери, министри за …

Повеќе »

Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

Во селото Леуново, Маврово денеска по трети пат во организација на здружението за спортски игри со препреки „Отаку“ од Скопје, ќе се одржи трка со совладување пешадиски препреки. “Obstacle Course Race” или трка по патека со пешадиски препреки, e се повеќе популарен спорт низ светот.  Трката се одвива во планински …

Повеќе »

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Северна Македонија како 37 членка се приклучи кон Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура (EIFAAC) на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Од ФАО информираат дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски го информирал за одлуката генералниот директор на ФАО, Ку Донгју. – Македонскиот …

Повеќе »