Breaking News

ВЕСТИ

Османи: Потврда на идентитетските атрибути и на ниво на членки на ЕУ, почнува од Бундестагот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека резолуцијата  за државава, што според најавите задутре ќе ја усвои Германија, е само почеток  во веригата од такви документи за потврда на идентитетските атрибути, покрај во Преговарачката рамка, дополнително и на ниво на одделни држави.   На новинарско прашање, дали МНР е во …

Повеќе »

Петровска: Членството во НАТО и интегративниот пат кон ЕУ е влог во безбедна и просперитетна држава

Северна Македонија направи сериозен исчекор во своето позиционирање и дека од земја што во минатото била препознаена по разни видови на кризи и секогаш барала помош, сега веќе е земја членка на НАТО Алијансата и сериозно и сигурно е на пат да ја оствари својата втора стратешка цел, а тоа …

Повеќе »

Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска се обрати на 111-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чија членка е и Република Северна Македонија. Во своето обраќање министерката Тренчевска претставила дел од …

Повеќе »

Вработените во УЈП бараат потпишување на новиот Колективен договор за повисоки плати или најавуваат генерален штрајк

– Вработените во Управата за јавни приходи, денеска, со протест пред Министерството за финансии, го изразија незадоволството од недавањето согласност од  страна на министерот за финансии Фатмир Бесими за потпишување на новиот Колективен договор за покачување на нивните платите. Претседателот на Синдикалната организација „Солидарност“ при УЈП, Васе Неданоски, изјави дека …

Повеќе »

Пендаровски: Самитот Брдо Бриони ќе се одржи во септември кај нас, теми на разговор младите и климатските промени

На тет-а-тет средбата со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар меѓудругото разговаравме за претстојниот Самит на шефови на држави кои се дел од процесот Брдо Бриони, а кој треба да се одржи кај нас во првата половина од септември оваа година. На Самитот ќе зборуваме за темите поврзани со …

Повеќе »

Ковачки: Јасно да кажат кој од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќаат, и двата значат брза интеграција и зачувување на државните интереси

СДС свесно лаже кога вели дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Тоа е така затоа што се фатени во предавство на националните и државни интереси, и се против вистинска интеграција на државата. Ковачевски треба јасно да одговори кој предлог го избира од ВМРО-ДПМНЕ. Првиот е преодна влада без ДУИ и измени …

Повеќе »

Со воведен збор од обвинителството започна судењето против Жан Митрев

– Со воведен збор на обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска започна судењето против Жан Митрев, обвинет за „измама“. Одбраната на Жан Митрев и на денешното рочиште побара одложување на судењето поради тоа што, според нив, од листата на докази на Јавниот обвинител недостасуваат 48 медицински досиеја за пациенти. …

Повеќе »

Пендаровски: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложено дејство на уставните измени е нереално

Се случува промена во генералната слика во однос на уставните измени, со оглед на тоа што главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, претходно воопшто не сакаше да разговара за можноста да се смени Уставот, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција во Скопје со неговата словенечка колешка Наташа Пирц Мусар. Пендаровски …

Повеќе »

Презентирана проценката на ризици од корупција во правосудниот систем

Проценката на ризиците од корупција во правосудниот систем не е да се утврди дали постои корупција во судство, бидејќи таа е познат непријател со којашто се соочуваме. Оваа проценка од прва рака ни укажува на искуствата на судиите, обвинителите и укажува на ризиците и ранливоста, коишто ја попречуваат правдата, порача …

Повеќе »