Breaking News

ВЕСТИ

Вакцинирани над 1 000 деца за пропуштени рутински вакцини со тек на кампањата на МЗ и СЗО „Од врата до врата“

Над илјада деца се вакцинирани за пропуштени рутински вакцини во рамки на заедничката кампања на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација (СЗО) „Од врата до врата“, соопшти денеска МЗ. Вкупно се посетени 3. 373 семејства, заедници и собиралишта на лица во повеќе од 200 урбани и рурални средини. …

Повеќе »

Нормализиран сообраќајот на патот Крива паланка – ГП „Деве Баир“

Сообраќајот на регионалниот пат А2 Крива Паланка – ГП„Деве Баир“ е нормализиран, информира АМСМ. Поради одрони на еден километар на излезот од Крива Паланка, од 06. 30 часот сообраќајот беше во прекин за товарни возила, а за патничките се одвиваше наизменично. лв/ . Извор: МИА

Повеќе »

Во Струга меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на ОБСЕ

Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во Струга денеска ќе се одржи меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на Организацијата, како една во низата меѓународни конференции планирани да се одржат до крајот на годината. Како што соопшти МНР, конференцијата се одржува во време на бруталната …

Повеќе »

Почнува кампањата за заштита на шумите од пожари

Со јавен настан на плоштадот „Македонија“ во Скопје, денеска почнува јавната кампања за подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на шумите од пожари во летниот период. Кампањата, традиционално, ја организира Противпожарниот сојуз на Македонија (ПСМ) во соработка со Градскиот противпожарен Сојуз на Скопје (ГППС) и Општинските противпожарни сојузи на …

Повеќе »

Во МАНУ промоција на терминолошкиот речник „Филозофија“

Во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) денеска ќе биде промовиран терминолошкиот речник „Филозофија“, изготвен во рамки на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија. По овој повод, обраќања ќе имаат претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, раководителот на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија, академик Витомир Митевски, како и …

Повеќе »

Во Собранието најавени десет седници

 Собранието денеска ќе одржи десет седници – 117,  41, 66, 91, 95, 99, 100, 111, 112 и 115. Во рамки на 117. седница пратениците ќе дискутираат за Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република …

Повеќе »

Промоција на книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од Зоран Јовановски

Во Домот на Армијата во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Дипломатија и меѓународно право“ од Зоран Јовановски, професор на Воената академија Генерал „Михаило Апостолски“. – Содржината на оваа книга е насочена кон променливата улога на дипломатијата и меѓународното право поради голем број на глобализирани учесници. Според тоа, оваа книга …

Повеќе »

Алиу ќе даде отчет за сработеното во изминатите 100 дена

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска во Медија центарот на Владата ќе го презентира сработеното во изминатите 100 дена. Азир Алиу беше избран за министер за информатичко општество и администрација на 27 февруари годинава како кадар на Алијансата за Албанците по влегувањето на оваа партија во Владата. …

Повеќе »

Завршен настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“

Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ), поддржан од UN Women, денеска организира завршен настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“. На настанот ќе се презентираат наодите од истражувањето и препораките од проектот чија цел е да го поддржи развојот и планирањето на земјоделските …

Повеќе »

Одрони на патот Крива Паланка – ГП „Деве Баир“, во прекин сообраќајот за товарни возила

  На регионалниот А2 Крива Паланка- ГП„Деве Баир“, изутрина од 06. 30 часот, поради одрони на патот на еден километар од излезот на Крива Паланка, сообраќајот е во целосен прекин за товарни моторни возила, а наизменично се одвива за патнички возила, информира АМСМ. Поради обилните врнежи од дожд, сообраќајот на …

Повеќе »