Breaking News

ВЕСТИ

Акција за чистење на депонијата во Визбегово

Општина Шуто оризари соопшти дека денеска ќе организира акција за чистење на депонијата во Визбегово. Депонијата е една од наголемите на подрачјето на Скопје, и во во летниот период претставува опасност и закана како за граѓаните на Шуто Оризари и на целиот град. /Фото: МИА архива  . Извор: МИА

Повеќе »

Сончево и топло до 43 степени и УВ индекс 10

Времето и денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 36 до 43 степени. UV=10Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен …

Повеќе »

Дијабетичарите на протест пред МЗ, бараат промена на моделот за добивање на ленти и апарати

Сојузот на здруженијата на дијабетичари денеска протестираше пред Министерството за здравство со барање за основни права за терапии и помагала за дијабетичарите, како и исполнување на ветувањето од денешната средба што ја имаа со министерот за здравство Фатмир Меџити. Иако на денешната средба тие постигнаа договор за набавка на ленти, …

Повеќе »

Алишан: Не беа изгласани закони кои ни се важни, лицата со попреченост се разочарани и од власта и од опозицијата

Повеќе од 90 000 лица со попреченост не добија зголемен додаток за попреченост од 6 000 денари, ниту пак двојно зголемување на личната асистенција. Пратениците како што денеска информираа од здружението коалиција менуваме и партијата Левица не ги изгласале законот за детска, социјална заштитиа и законот за асистенти. На денешната …

Повеќе »

Џафери за уставните измени: Да завршиме со оптималното решение за идните генерации

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска изјави дека доколку не се донесат уставните измени земјата нема да може да оди напред во евроинтеграцискиот процес и оти за тоа што би значело во иднина не мора да бараме туѓи искуства, бидејќи имаме свое искуство посочувајќи на Самитот на НАТО во Букурешт …

Повеќе »

Јавна расправа за Националната стратегија за менталното здравје на младите

Клубот за младински прашања и политики на Собранието денеска на јавна расправа ја презентираше Националната стратегија за ментално здравје на младите. Оваа стратегија вклучува мерки и области поврзани со раната интервенција и детекција на вообичаените ментални нарушувања кај младите. Во моментов, Националната стратегија за ментално здравје на младите е во …

Повеќе »

Делегација од Република Молдавија во посета на Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари средба со делегацијата предводена од градоначалници, претседатели на реони и претставници на Германското здружение за развој во Молдавија. . Извор: МИА

Повеќе »

Митева: Раскината концесија, Дестани станува нов сопственик, па владата дозволува спојување на концесиите

Владата на СДС и ДУИ во случајот Иловица наместо за народот работи за Дестани кој важи за близок до ДУИ, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ. -Компанијата на семејството Дестани добила дозвола од владата да преземе удели во Еуромакс Ресурсис, која ја има концесијата за Иловица, …

Повеќе »

Истрага против 25-годишник осомничен за убиството во велешкото село Виничани

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани осомничен дека завчера со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело убиство.  Државното јавно обвинителство соопшти дека на 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото …

Повеќе »

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе учествуваме во собраниската дебата за уставни измени и ќе стане јасно дека нема двотретинско мнозинство

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе учествуваат во дебатата за Предлогот за уставни измени на собраниската Комисија за уставни прашања што претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за вторник, 25 јули во 10 часот.  -Пратениците ќе учествуваат во дебатата, каде јасно ќе ги кажат аргументите против уставните измени и набргу ќе …

Повеќе »