Breaking News

ВЕСТИ

Најстудено во Лазарополе, највисоки 17 степени во Штип и во Дојран

Најниски 9 степени целзиусови утрово измерени во Лазарополе, а највисоки 17 во Штип и во Дојран. Од УХМР информираа дека 10 степени се измерени на Попова Шапка, 12 Маврови Анови, 13 Берово, Битола, Крушево, 14 Прилеп, Струмица, Крива Паланка, 15 Охрид, Претор, Велес, Кавадарци, Скопје-Петровец, 16 Куманово, Демир Капија, Гевгелија, …

Повеќе »

Јавното обвинителство поведе истрага за обид за убиство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 33-годишник од Арачиново, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство според член 123 став 3 во врска со член 19 (во обид). Освен тоа, соопштија денеска од авно обвинителство на Република Северна Македонија, за осомничениот е поведена постапка и за …

Повеќе »

Во прекин сообраќајот Битола – Граничен премин Меџитлија, поради сообраќајка

Патниот правец Битола – Граничен премин Меџитлија е во прекин за сите возила поради случена сообраќајна незгода, информираа од АМСМ. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема …

Повеќе »

ЕУ организира чистење на плажата на Преспанското Езеро

Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија, Бен Нупнау и градоначалникот на Ресен, Јован Тозиевскина денеска ќе ја започнат првата „EUBeachCleanup“ на Преспанското Езеро, акција организирана во Северна Македонија. Акцијата за чистење е годишна глобална иницијатива и оваа година ќе се организира на плажата Сливница преку мрежата на млади европски амбасадори …

Повеќе »

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“

На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот е да се подигне јавната …

Повеќе »

Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје

Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна …

Повеќе »

Променливо облачно со локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме со силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17,  а максималната од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ индексот ќе …

Повеќе »

МНР ги повикува Македонците во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност на претстојниот попис

Министерството за надворешни работи (МНР) ги охрабрува сите Македонци во Албанија слободно да ја изразат својата етничка, јазична и религиска припадност, согласно законската регулатива и позитивната демократска пракса во Албанија, на претстојниот попис на населението во Република Албанија, кој почнува на 18 септември и ќе се реализира следните шест недели. …

Повеќе »

Во Пентагон средба Петровска –  Карлин: Силен интензитет на македонско – американската одбранбена соработка

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Пентагон имаше средба со Мара Карлин, вршител на должноста заменик-потсекретар за одбрана на САД за одбранбена политика. На средбата со Карлин, министерката посочи дека силната македонско-американска соработка ја зголемува безбедноста и ја зацврстува колективната одбрана во Алијансата. -Сојузништвото во НАТО не е само …

Повеќе »

Дачиќ: Нашите земји се определени за дополнително зајакнување на односите за попросперитетна иднина на граѓаните

– Денешниот аеромитинг на кој покрај македонската и српската авијација учествуваат и цивилното и военото воздухопловство од Република Италија, Република Грција и други земји е јасен показател за интересот на државите, стопанствата и граѓаните од овие подрачја за воспоставување на уште подобри меѓусебни врски, но и за свеста за заедничката …

Повеќе »