Breaking News

ВЕСТИ

Скопје прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година

Македонскиот главен град Скопје денеска беше прогласен за европска престолнина на културата за 2028 година на церемонија во Домот на европската историја во Брисел. На церемонијата, меѓу останатите, присуствуваа и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Скопје беше избран за носител на оваа престижна титула …

Повеќе »

Шаќири ги повика студентите да ги подигнат наменските картички за користење субвенциониран студентски оброк

  Без подигнување наменска студентска Visa картичка, студентите нема да можат да ги користат средствата по основ на субвенциониран студентски оброк. Затоа, сите апликанти кои го оствариле ова право и за тоа добиле потврда од Министерството за образование и наука, треба електронски да ги ажурираат своите податоци на платформата на …

Повеќе »

Средба Џафери-Ал-Саман: Зајакнување на соработката, особено на економски план

Кралството Саудиска Арабија и Северна Македонија досега имаат добри и пријателски односи, но потребно е интензивирање и зајакнување на меѓусебната политичка комуникација на секое ниво. Ова се дел од заклучоците од  денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со министерот за правда на Кралството Саудиска Арабија Валид бин Мухамед …

Повеќе »

Земјите членки на А5 усвоија Заедничка изјава за поддршка на Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како претседавач со САД – Јадранската Повелба (А5), беше домаќин на работниот појадок на министрите за надворешни работи на земјите на иницијативата, што се одржа во рамки на Генерално собрание на Обединетите Нации, во Њујорк. Во фокусот на разговорите, како што информира МНР, беа …

Повеќе »

Во Штип презентирана втората фаза од проектот „Справување со загадувањето на воздухот“

Во пет општини, Кавадарци, Струмица, Гостивар, Струга и Куманово, со најсовремена опрема и методологија, ќе се идентификуваат изворите на загадувањето на амбиентниот воздух, при што прв пат, кога било во земјата, ќе се спроведе и мерење на загадувањето на воздухот во затворен простор. Истражувањата кои ќе ги врши Универзитетот „Гоце …

Повеќе »

Собранието донесе одлука за формирање анкетна комисија за случајот со Онкологија

Со 82 гласа пратениците денеска донесоа одлука за основање анкетна комисија за скандалот во ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. Предлогот поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ беше поддржан од повеќето присутни пратеници. Пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ смета дека случајот за злоупотребата на терапија на Клиниката за онкологија треба …

Повеќе »

Алтернатива, БЕСА и Демократско Движење со пријава до ДКСК во врска со ДУИ и ЕУРОВИА

Албанските опозициски партии Алтернатива, Движење Беса и Демократско Движење поднесоа пријава за сомневање за корупција и конфликт на интереси до Државната комисија за спречување на корупција во врска со односите помеѓу Демократската Унија за Интеграција со компанијата ЕУРОВИА. – Основа на оваа пријава е нашето сомневање дека има корупција и …

Повеќе »

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација имаше отворена средба со граѓани во Кавадарци 

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска имаше отворена средба со граѓани во Кавадарци. На средбата беше кажано дека ова е дел од серијата вакви средби, што Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ги организира со граѓаните, невладиниот сектор …

Повеќе »

Абдиу-Халили: Искуството на балтичките земји за членство во ЕУ корисно за нашиот процес на преговори

Државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу Халили, денеска и утре ќе учествува на работилницата на високо ниво од програмата ТAIEX на Европската Комисија, која се одржува во Вилниус, Литванија. Абдиу-Халили учествуваше на сесијата „Напредокот и предизвиците на земјите од …

Повеќе »