Breaking News

ВЕСТИ

Традиционален дипломатски тениски турнир по повод празникот 11 Октомври

По повод државниот празник 11 Октомври, Министерството за надворешни работи денеска го организираше традиционалниот дипломатски тениски турнир, што се одржа во Скопје. На дипломатскиот тениски турнир, како што соопшти МНР, учествувале дипломати од резидентните дипломатски и конзуларни претставништва на странските држави, претставници на меѓународни организации во земјата и дипломати од …

Повеќе »

Голем избор на храна и пијалаци на саемот „Вкуси ја традицијата“

Вино, ракија, ајвар, ѓомлезе, мед, сирење, кашкавал, пита и уште многу други македонски производи, можат да се пробаат денеска во Градски парк, во Скопје, како дел од вториот по ред национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“. На саемот присуствуваат над 400 изложувачи, мали производители на храна и …

Повеќе »

Мицкоски: Потребна е лидерска средба за датум за избори, може да ја закаже и Џафери

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски изјави дека е време за лидерска средба, која би можел да ја иницира и претседателот на Собранието Талат Џафери, во спротивно вели можна е уставна криза. -Ние за неколку месеци од денеска ќе имаме исклучително два значајни изборни процеси. Едниот се претседателските избори, прв и …

Повеќе »

Ковачевски: Изборите ќе се одржат во законскиот термин, се уште е на маса понудата ако се изгласаат уставните измени

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека претседателските и парламентарните избори ќе се одржат во нивниот законски термин, но дека се уште е на маса поднудата ако се изгласаат уставните измени со оглед дека  врвно прашање за земјата е продолжување на евроинтеграцискиот пат. -Ние имаме Закон за избор на претседател, Закон за …

Повеќе »

Народна банка за извештајот на„Фич“: Затегнувањето на монетарната политика придонесе кон враќање на едноцифрената инфлација

Затегнувањето на монетарната политика придонесе кон враќање на инфлацијата на едноцифрено ниво, наведува агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ во својот извештај за кредитниот рејтинг на земјава, во кој го потврдува нејзиниот рејтинг на „ББ+“ со стабилен изглед, соопштуваат од Народната банка на Република Северна Македонија. Очекувањата на Агенцијата се дека …

Повеќе »

МФ: Добрите макроекономски политики го потврдија кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед од Фич

Република Северна Македонија го задржа кредитниот рејтинг „ББ+“ со стабилен изглед, што е потврдено во најновиот извештај на Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“. Задржувањето на кредитниот рејтинг е резултат на спроведувањето правилно дизајнирани, кредибилни и кохерентни макроекономски и финансиски политики, конзистентни со долго одржуваниот фиксен девизен курс, соопшти Министерството за …

Повеќе »

Американската филијала на Грин Машинс на „111-та годишна конференција и саем“, во организација на Лигата на општини во Тексас

Софистицираните и најсовремени возила за одржување на хигиена во урбани средини на БРАКО од линијата Грин Машинс се претставија на „111-та годишна конференција и саем“ во организација на Лигата на општини во Тексас, која се одржа во Далас. . Извор: МИА

Повеќе »

Концерт на дуото Дениција во рамки на „Денови на македонска музика 2023“

Дуото Дениција вечер ќе има концерт во Музејот на македонската борба, во рамки на 46. фестивал „Денови на македонска музика“. Дуото го сочинуваат Анастасија Милеска – гитара и Александар Андријевски – гитара. На концертот премиерно ќе бидат изведени седум нови дела за дуо гитари од повеќе македонски композитори: Ана Пандевска, …

Повеќе »

Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ за 2023

Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023 година.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.  Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, …

Повеќе »

МОН: Учебници за шесто одделение ќе се испорачуваат и викендов

Учебниците за шесто одделение што се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства, ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд, соопштија од Министерството …

Повеќе »