Breaking News

ВЕСТИ

Николовски на средби со земјоделци од Виница

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката Влада, Љупчо Николовски денеска ќе биде во работна посета на општина Виница. Во рамки на планираните активности, како што соопшти МЗШВ, Николовски во селото Блатец, општина Виница ќе го посети Наум Тренчевски, мал производител на храна добитник на грант до 10. 000 …

Повеќе »

Џафери и Шаќири ќе го посетат кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” во Скопје

Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери денеска ќе го посети кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза”, кој се наоѓа во склопот на поранешната касарна „Илинден“.  Како што соопшти владината прес – служба, Џафери ќе биде придружуван од министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. дма/са/Фото:МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Регионална конференција за вино

Во организација на Здружението „Вина од Македонија“ и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH), денеска во Скопје ќе се одржи Регионална конференција посветена на глобалниот пазар на вино и предизвиците со кои моментално се соочуваат винарниците. Во текот на конференцијата, како што соопштуваат организаторите, …

Повеќе »

Променливо облачно со локален слаб дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви …

Повеќе »

Најголемите европски банки првпат остварија профит од 100 милијарди евра

– Најголемите европски банки минатата година првпат надминаа профит од 100 милијарди евра, откако зголемувањето на каматните стапки овозможи рекордна заработка за повеќето од нив, јави Блумберг. Нето приходот на 20-те најголеми банки во континентална Европа, кои објавија резултати, се зголеми на 103 милијарди евра од 78 милијарди евра една …

Повеќе »

Груби: Неделава ќе го имаме претседателскиот кандидат на ДУИ, меѓу нив не е Ахмети

Демократската унија за интеграција неделава ќе го објави претседателскиот кандидат. Меѓу нив не е лидерот на партијата Али Ахмети, изјави вечерва министерот за политички систем и член на ДУИ, Артан Груби. – Убедувањето на Ахмети оди тешко. Го знаете неговиот став: Јас сум мисионер и не сум функционер. Не сум …

Повеќе »

ИЈЗ: Вкупно 903 лица со овчи сипаници во јануари, 19-годишно лице од Кичево со заразни заушки

Во текот на првиот месец од годинава во земјава пријавени се вкупно 1. 182 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ, со вкупна инциденца од 64,4 на 100. 000 жители. Во текот на јануари се …

Повеќе »

Мадиќ од Загреб: Европа е нашата иднина, нема да се откажеме од европскиот пат

Мора да бидеме обединети сега повеќе од кога било, особено во заштитата на нашата безбедност и почитувањето на владеењето на правото. Да се фокусираме на спроведување на клучните реформи и да докажеме дека кај земјите од Западен Балкан е присутна волјата да ги прифати европските амбиции и дух. За да …

Повеќе »

„Алкалоид“ АД Скопје со историско достигнување во третманот на рефлуксен езофагитис и ГЕРБ – патентиран првиот Омепразол во течна форма во светот

„Алкалоид“ во изминативе години започна процес на редизајнирање на постојни генерички фармацевтски производи за нови индикации, со цел создавање лекови со додадена вредност кои овозможуваат третирање и задоволување на потребите на индивидуални или на специфични групи пациенти. Стратешките инвестиции за модернизација на производственото портфолио доведоа до успешен развој на првиот …

Повеќе »

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 12 февруари до 16 февруари 2024 година, сите анализирани примероци одговараат …

Повеќе »