Breaking News

СВЕТ

Турција воведе увозни царини на житарки од 130 отсто

Турција воведе увозни царини од 130 отсто на некои житарки, вклучително и пченица и пченка, според одлуката објавена денеска од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Увозните давачки доаѓаат откако некои земји од ЕУ објавија забрана за увоз на жито од Украина минатата недела. Но, некои трговци тврдат дека потегот на Турција …

Повеќе »

САД: Се очекува Бајден денеска да најави кандидатура за нов мандат во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да соопшти дека ќе се бори за втор мандат во Белата куќа. Си-Ен-Ен наведува дека се очекува тој да ги повика Американците повторно да го изберат за да ја спасат демократијата – помалку од три години откако неговата победа над Доналд Трамп требаше …

Повеќе »

Анкета: Нова демократија со 6,2 отсто повисок рејтинг од СИРИЗА

Грчката владејачка партија Нова демократија е со 6,2 отсто повисок рејтинг од опозициската СИРИЗА, а на третото место е ПАСОК- Движење на промена, според резултатите од истражувањето на јавното мислење на компанијата „Alco“ за телевизијата Алфа, јави дописничката на МИА од Атина. Анкетата е прва објавена откако и официјално беа …

Повеќе »

Во Грција регистрирани 1.633 несакани дејства и 63 смртни случаи како можна последица од вакцините против Ковид-19

Од спроведени над 4,4 милиони вакцинации против Ковид-19 во Грција во 2022 година, регистрирани се 1.633 сомнителни несакани дејства и 63 смртни случаи кои можеби се поврзани со вакцината, според официјалните податоци од грчката Национална организација за лекови, јави дописничката на МИА од Атина. Од 63-те пријави за смртни случаи …

Повеќе »

Блумберг: Сунак сака договор со ЕУ заради намалување на чекањето на граничните премини

Британскиот премиер Риши Сунак сака да склучи договор со Европската Унија за да им го олесни патувањето на своите граѓани во Унијата, објави денеска Блумберг њуз, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Сунак се надева дека ќе може да постигне договор со оглед на подобрените односи со ЕУ …

Повеќе »

Кремљ демантира дека Путин има двојник за јавни настапи

Кремљ ги отфрли сугестиите дека рускиот претседател Владимир Путин има двојник за јавни настапи. – Веројатно сте слушнале дека Путин наводно има многу двојници кои работат за него додека тој седи во бункер. Тоа е уште една лага, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред младите на едукативен настан во …

Повеќе »

ОН: Кина до крајот на неделата ќе го загуби статусот најмногубројна земја во светот, Индија избива на прво место

Обединетите нации соопштија дека до крајот на неделава Индија ќе ја престигне Кина според бројот на жители и со тоа ќе стане најмногубројна земја во светот. Друго тело на ОН минатата недела предвиде дека Индија ќе ја престигне Кина до средината на оваа година. Меѓутоа, новите податоци покажуваат дека до …

Повеќе »

Хаити: Десетина членови на банда нападнати со камења и живи запалени

Десетина наводни членови на банда вчера биле гаѓани со камења и живи запалени од жители на населба во Порт о Пренс, соопштија полицијата и очевидци, а ОН истиот ден предупредија дека на Хаити владее несигурност како во услови на „вооружен конфликт“. Овој нов случај на смртоносно насилство дојде откако полицијата …

Повеќе »

Такер Карлсон, еден од најгледаните политички коментатори во САД се раздели со Фокс Њуз

Телевизијата Фокс њуз синоќа повика Такер Карлсон, еден од своите најпопуларни водители, да замине откако се дозна дека тој испраќал навредливи текст пораки за раководители и колеги откриени во текот на правната борба на телевизијата со „Доминион“, компанија која обезбедува гласачки машини. Карлсон работеше во Фокс њуз повеќе од десет …

Повеќе »

Грчката Влада прифаќа одржување предизборна ТВ дебата, но со учество на сите партиски лидери

Нашта позиција е дека треба да се одржи ТВ дебата во која ќе бидат вклучени сите партии од Парламентот за да се слушнат сите ставови, рече портпаролот на грчката Влада Акис Скерцос на редовниот брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Скерцос индиректно го отфрли предлогот на СИРИЗА …

Повеќе »