Breaking News

СВЕТ

Во три училишта во Србија, ученици правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат

– Како што потврди МВР за порталот Н1, во три училишта во Србија учениците правеле списоци со ученици во кои ќе пукаат. Сите биле приведени заедно со нивните родители, а биле пријавени од ученици и други родители, јави дописникот на МИА од Белград. Се работи за училиштето „Деспот Стефан Лазаревиќ“ …

Повеќе »

Русија ќе има нови воени постројки во Киргистан

– Русија ќе ги „развие“ своите воени капацитети во Киргистан, централноазиска земја која е сојузник на Москва, соопшти денеска Кремљ по средбата меѓу претседателите на двете земји Владимир Путин и Садир Џапаров. – Шефовите на држави ја истакнаа важноста од зајакнување на вооружените сили на Киргистан и развојот на руските …

Повеќе »

Извршниот директор на РАИ поднесе оставка поради притисоци од власта

– Извршниот директор на Италијанската радио-телевизија (РАИ) денеска поднесе оставка, а оставки најавија и двајца директори на операта поради притисоци од десничарската Влада на Џорџа Мелони на тие места да постави свои луѓе. Чело Фуортес денеска соопшти дека ја напушта функцијата извршен директор на РАИ, а како причина го наведе …

Повеќе »

ОН: Во Авганистан сè уште јавно се камшикуваат луѓе

– Во денеска објавениот извештај на Обединети нации се наведува дека во последните шест во Авганистан јавно камшикувани се 274 мажи, 58 жени и две момчиња. Поголемиот број се со 30 до 39 удари со камшик за вонбрачни врски, бегство од дома, кражби, хомосексуалност, консумирање алкохол, измама и шверц на …

Повеќе »

Иран ги повика западните земји да не го одложуваат нуклеарниот договор

Иранските власти денеска ги повикаа западните земји, особено САД, да не ги одложуваат преговорите за заживување на нуклеарниот договор, пет години по американското повлекување од тој меѓународен договор. „Склучувањето на договорот е можно и технички и политички“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани. „Останатите страни, особено …

Повеќе »

Мирзијаев распиша предвремени претседателски избори во Узбекистан

– Претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијаев денеска распиша предвремени претседателски избори со цел да ја добие поддршката од граѓаните за спроведување на реформите. Тој не го соопшти датумот на изборите, но според руски медиуми тие се закажани на 9 јули. На референдумот на 30 април, узбекистанските граѓани го одобрија пакетот …

Повеќе »

Кинескиот министер за надворешни работи на европска турнеја

 Шефот на кинеската дипломатија Чин Ганг од денеска до 12 мај ќе ги посети Германија, Франција и Норвешка. Предвидени се средби на Ганг со германскат, француската и норвешката министерка за надворешни работи, Аналена Бербок, Катрин Колона и Аникен Хуитфелд. Други детали за средбите не се наведени. Посетата на Ганг на …

Повеќе »

Во Албанија инфлацијата во април падна на 4,6 отсто 

Инфлацијата во Албанија покажува значителни знаци на забавување шести месец по ред, почнувајќи од ноември 2022 година, објави денеска државниот Институт за статистика, ИНСТАТ. Институтот наведува дека инфлацијата во април изнесува 4,6 отсто, наспроти 6,2 отсто истиот месец минатата година. Во март инфлацијата беше 5,3 отсто од 7,1 отсто колку …

Повеќе »

Хоспитализиран норвешкиот крал Харалд

Норвешкиот крал Харалд Петти е хоспитализиран поради инфекција,соопшти прес-службата на палатата. „Неговото височество е во болница и е примен на Националната клиника. На кралот му е дијагностицирана инфекција која треба да се лекува и затоа ќе остане во болница неколку дена. Неговата состојба е стабилна“, се вели во соопштението. Се …

Повеќе »

Албанската ЦИК бара казни за 20 градоначалници, користеле јавни ресурси за изборна кампања

– Претседателот на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) Илиријан Целибаши соопшти дека до Комисијата за жалби и санкции упатил барања за изрекување  парични казни за градоначалници, претставници на министерства и директори на училишта, кои во изборната кампања користеле јавни ресурси. -ЦИК бара парична казна за 20 градоначалници бидејќи користеле јавни …

Повеќе »