Breaking News

СВЕТ

Принцот Хари ги тужи британските власти: Не му дозволиле лично да плати за своето обезбедување

Адвокатот на принцот Хари денеска пред судот во Лондон изјави дека на овој член на британското кралско семејство треба да му се дозволи да ја оспори владината одлука која му го ускрати правото да плати за полициска придружба за време на неговата посета на Велика Британија. Адвокатот на Хари побарал …

Повеќе »

Сопругата на Имран Кан обвинета за корупција

Бушра Кан, сопругата на поранешниот пакистански премиер Имран Кан, е обвинета за корупција во истиот случај што доведе до негово апсење на 9 мај. Британските медиуми наведуваат дека Имран Кан вчера ја придружувал сопругата до судот, каде и беше одредена кауција. Бушра Кан е позната по нејзината духовност и приврзаност …

Повеќе »

ОН предлагаат да се намали пластичниот отпад за 80 отсто до 2040 година

Земјите можат да го намалат загадувањето со пластика за 80 отсто до 2040 година со примена на постојната технологија и воведување големи промени во политиките, се наведува во новиот извештај на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) објавен во понеделникот. Телото на ОН со седиште во Кенија ја …

Повеќе »

Апокалиптични слики од поплавите во Италија – евакуирани околу 900 лица

Околу 900 лица се евакуирани од своите домови поради поплавите во Италија предизвикани од новиот бран дождови. Над 500 лица се евакуирани во областа Равена, а 200 од нив во Болоња. Сите останати исто така се евакуирани од регионот Емилија Ромања, јавува АНСА. Околу 900 доброволци за цивилна заштита помагаат …

Повеќе »

Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада

– Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.  Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и …

Повеќе »

ДПА: Саудискиот крал Салман го поканил Зеленски да учествува како почесен гостин на арапскиот Самит

Саудискиот крал Салман го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски да учествува како почесен гостин на самитот на Арапската лига, што ќе се одржи оваа недела во Саудиска Арабија, јави ДПА, повикувајќи се на дипломатски извори во Ријад. Агенцијата посочува дека средбата ќе се одржи в петок во крајбрежниот град Џеда …

Повеќе »

ГЕУС: Околу Северен поток забележани необјасниви земјотреси

Геолошкиот институт на Данска и Гренланд (ГЕУС) забележа серија сеизмички потреси во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море, недалеку од местото каде што се случија експлозиите на гасоводот Северен поток во септември 2022 година. Инцидентот е забележан во саботата попладне на 13 мај. Месното население ги почувствувало потресите и …

Повеќе »

Во американскиот Сенат сослушување за вештачката интелигенција и програмата „ЧатЏиПиТи“ 

Сем Алтман, раководител на технолошката компанија, ОупенЕјАј, создавач на „ЧатЏиПиТи“ треба да сведочи денеска во американскиот Сенат, а по повик од конгресмените за двопартиски договор за регулирање на новите и моќни алатки за вештачка интелигенција достапни за корисниците.  Американските законодавци бараат подршка од Алтман за регулација и контрола на технологијата …

Повеќе »

Заменикот на Киличдароглу поднесе оставка по лошиот изборен резултат

Онурсал Адигузел, заменик-претседателот на Републиканската народна партија (ЦХП) на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу, денеска поднесе оставка. Во изјава за турските медиуми тој ова своја одлука ја објаснувасо лошиот изборен резултат. -За да не му наштетам на изборниот процес на претседателскиот кандидат Кемал Киличдароглу, со кого имав чест да чекорам рамо …

Повеќе »

Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција

– Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави …

Повеќе »