СВЕТ

Државниот совет на Грција го прогласи за противуставен законот за неинформирање на лидерот на ПАСОК за прислушувањата

– Денеска е ден на победа на владеењето на правото врз парадржавата на прислушувањата на Нова демократија, истакна лидерот на ПАСОК Никос Андрулакис, откако Државниот совет на Грција соопшти дека е противуставен законот за негово неинформирање за прислушувањата, јави дописничката на МИА од Атина. Државниот совет, што воедно е највисокото …

Повеќе »

Блинкен: Успехот на израелските одлуки ќе го мериме според хуманитраната ситуација во Газа

 – САД ги поздравуваат последните одлуки на Израел да дозволи доставување поголема хуманитарна помош во Појасот Газа, но нивниот успех ќе се мери со резултатите на теренот, изјави денеска американскиот државен секретар, Ентони Блинкен. Зборувајќи со лидерите на ЕУ во Белгија, тој додаде дека САД ќе следат како ќе се …

Повеќе »

Кристалина Георгиева номинирана за втор мандат на чело на ММФ

– Актуелната извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, е единствената кандидатка за оваа функција со нов петгодишен мандат, соопшти Управниот одбор. Бугарската економистка (70) се наоѓа на чело на ММФ од 2019 година и веќе изјави дека е подготвена за уште еден мандат, доколку биде номинирана.  Сегашниот …

Повеќе »

Украина ја нападна руската воздухопловна база во Ростовската област и уништи шест руски воени авиони

Украина ја нападна руската воена воздухопловна база Морозовск во Ростовската област и уништи шест руски воени авиони во заедничка операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и армијата, изјави украински разузнавачки извор. Тој не кажа каде е извршен нападот, но наведе дека е причинета штета на уште осум руски …

Повеќе »

Европол: Бугарите, Романците, Србите и Украинците меѓу главните учесници во шверцот на луѓе во ЕУ

Бугарите, Романците, Србите и Украинците се главните учесници во најопасните криминални мрежи за трговија со луѓе во ЕУ со цел трудова и сексуална експлоатација, покажуваат податоците во извештајот на Европол, претставен денеска. Во документот се забележува дека во ЕУ дејствуваат 821 опасна криминална мрежа, поврзани со трговија со наркотици (главно …

Повеќе »

Рочиштето за гаранцијата на Трамп од 175 милиони долари закажано за 22 април

Судот во Њујорк на 22 април ќе одржи сослушување за гаранцијата од 175 милиони долари што поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја уплати како дел од неговата жалба за пресудата за измама од 454 милиони долари, соопшти канцеларијата на државниот јавен обвинител. Канцеларијата на њујоршката обвинителка Летиција Џејмс соопшти дека …

Повеќе »

Руско МО: Пресретнати и соборени 53 украински дронови

Руските сили собориле или пресретнале 53 украински беспилотни летала во неколку региони, соопшти денеска Министерството за одбрана. „Во текот на ноќта и утрото беа спречени неколку обиди на режимот во Киев да изврши терористички напади со помош на дронови“, се наведува во соопштението. Соборени или пресретнати се вкупно 53 беспилотни …

Повеќе »

Во Косово денеска почнува пописот на населението, резултатите се очекуваат по три месеци

– По повеќе од две години одлагање, во Косово денеска ќе започне пописот на населението, домаќинствата и становите/куќите, вклучително и на северот на земјата, населен со мнозинско српско население, во процес кој ќе трае шест недели, односно до 17 мај годинава, јави дописникот на МИА од Приштина. Во пописот ќе …

Повеќе »

Гаши: Курти секогаш произведува високи тензии пред да направи отстапки кон Србија

– Шефот на пратеничката група на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши вели дека за време на владеењето на премиерот Албин Курти, кога е во прашање косовскиот север, населен со мнозинство Срби, „секогаш имало тензии пред да се направат отстапки“ кон Белград, јави дописникот на МИА од Приштина. …

Повеќе »

Израел ќе дозволи привремена испорака на помош во Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод

Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.  „Воениот кабинет ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот а одбрана, Гоав Галант, и министерот Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, …

Повеќе »