Breaking News

СВЕТ

Пожар на гасен терминал кај Санкт Петербург

Пожар избувна на терминал на рускиот независен производител на природен гас „Новатек“, во пристаништето Уст-Луга, во Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот на регионот.  -Нема пријавени жртви од пожарот на терминалот на „Новатек“ во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран. . . Во округот Кингсеп е воведен режим на висока готовност, изјави …

Повеќе »

Буданов: Украина не планира да ги запре нападите на руска територија

Украина не планира да ги запре нападите длабоко на руска територија, и покрај загриженоста на западните партнери на Украина за можен руски одговор, изјави шефот на Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана, Кирил Буданов. Во интервју за „Фајненшл тајмс“ Буданов кажа дека таквата храбра тактика на напади со …

Повеќе »

САД проценуваат дека израелската војска убила 20 до 30 отсто од палестинските екстремисти  

Американските разузнавачки агенции проценуваат дека израелските безбедносни сили во досегашната своја кампања во Појасот Газа убиле „од 20 до 30 отсто од вкупниот број палестински екстремисти“, членови на исламистичкиот Хамас, пренесе „Волстрит журнал“ и додава дека оваа организација има доволно муниција за неколку месеци да се бори против израелските сили. …

Повеќе »

Илјадници Израелци во Тел Авив бараа заминување на Нетанјаху – тој војува само за да остане на власт

Илјадници Израелци демонстрираа синоќа во Тел Авив барајќи ослободување на заложниците, кои Хамас ги држи од 7 октомври во Појасот Газа, и барајќи заминување на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кого го обвинуваат за продолжување на војната само за тој да остане на власт. Демонстрантите носеа натписи со кои посочија дека Нетанјаху …

Повеќе »

Во Авганистан се урна авион со шест лица што летал од Индија за Москва

На северот на Авганистан синоќа се урна руски цивилен авион „Фалкон 10“, а според првичните информации, во леталото имало четворица членови на екипажот и двајца патници , пренесуваат руските медиуми. Британските медиуми пренесуваат дека авганистанската полиција добила информации за пад на авион во провинцијата Бадакшан, во непристапна планинска област. Таа …

Повеќе »

Зеленски најави нова воена помош за Украина: Очекуваме нови договори

– Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека очекува одреден број нови договори за испорака на оружје за Украина, кои треба да бидат потпишани следниот месец. -Подготвуваме нови договори со партнерите. Силни билатерални договори. Треба да имаме резултати во јануари и февруари. Има одредени датуми кога може да се очекуваат нови …

Повеќе »

Грушко: Ризикот од инциденти расте, се враќаме на шемите од Студената војна

–Два дена откако врховниот командант на НАТО во Европа, Кристофер Каволи, соопшти дека на почетокот на следната недела ќе почне „најголемата вежба во последните децении“ – „Упорен бранител 2024“ (Stedfast difender 2024), во која ќе учествуваат околу 90. 000 војници и која ќе трае неколку месеци, следеше првичната и многу …

Повеќе »

Севернокорејската државна агенција ја најави посетата на Путин на земјата

– Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност наскоро да ја посети Северна Кореја, јави денеска севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.  Агенцијата ја објави подготвеноста на севернокорејската Влада „искрено да го поздрави најблискиот пријател на корејскиот народ“. Претходно неделава, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва се надева оти посетата …

Повеќе »

Словачкиот премиер Фицо е против членството на Украина во НАТО

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека е против членството на Украина во НАТО и дека ќе стави вето на членството на земјата во Алијансата бидејќи, како што наведе, тоа е „патот кон третата светска војна“.  Тој за „Радио Словенско“ изјави дека ЕУ секој месец во Украина испраќа 1,5 милијарда евра …

Повеќе »

Сежурне: Палестинците имаат право на суверенитет и држава

Палестинците „имаат право на суверенитет и држава“, изјави синоќа новиот шеф на француската дипломатија, Стефан Сежурне, откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјхаху уште еднаш го потврди своето противење на „палестинскиот суверенитет“ во Газа. „Франција ќе остане верна на својата посветеност за постигнување на оваа цел“, напиша Сежурне на мрежата „Х“. Твитот …

Повеќе »