Breaking News

СВЕТ

ДИК на Црна Гора ги објави конечните резултати: Милатовиќ 58,9 отсто, Ѓукановиќ 41,1 отсто од гласачите

Државната изборна комисија денеска ги објави конечните резултати од претседателските избори во Црна Гора, според кои Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето Европа сега, извојува убедлива победа, со поддршка од 58,9 отсто од гласачите. Кандидатот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), претседателот во заминување Мило Ѓукановиќ освои 41,1 отсто од гласовите, …

Повеќе »

Роберт Ф. Кенеди Помладиот го предизвикува Бајден за претседателска номинација

Демократот Роберт Ф. Кенеди Помладиот вчера поднесе изјава за кандидатура до американската Федерална изборна комисија и на тој начин го предизвика актуелниот претседател Џо Бајден за номинација во Демократската партија. Кенеди Помладиот (69) е внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди и син на неговиот убиен брат Роберт Ф. …

Повеќе »

Невремето затвори 29 патни правци во Романија

Поради невремето затворени се 29 национални патни правци ширум Романија. Силниот ветер и снегот го отежнуваат чистењето на патиштата. Метеоролозите предупредија дека ќе продолжи да паѓа снег, ветерот на места ќе достигне брзина од 70 километри на час, а можна е и појава на голомразица. Поради невремето во одредени делови …

Повеќе »

Столтенберг: Сериозни и длабоки последици за Кина доколку направи „историска грешка“ и испорача оружје во Русија

Секоја испорака на кинеско оружје во Русија ќе биде историска грешка со сериозни и длабоки последици, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по завршувањето на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од пактот во Брисел. -Засега не можеме да докажеме испораки за Русија од Кина, …

Повеќе »

Полска ќе и испорача на Украина 14 борбени авиони МиГ-29

Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека неговата земја ќе и испрати 14 борбени авиони МиГ-29 на Украина. Украина ги доби четирите наведени авиони и очекуваше испорака на уште четири, а сега Дуда потврди дека планира да испорача дополнителни шест авиони. Институтот за проучување на војната (ISW) претходно напиша дека украинските …

Повеќе »

Ердоган: Советот за безбедност на ОН треба да се реформира

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја истакна потребата од реформирање на системот на ОН, јави Анадолија. „Светскиот поредок, во кој судбината на човештвото ја решаваат само пет земји, е некомпетентен. Итно е потребна сеопфатна реформа на Советот за безбедност на ОН“, рече турскиот лидер по церемонијата на ифтар (вечера …

Повеќе »

УНЕСКО вети дополнителна помош за Украина

Директорката на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), Одре Азулај при денешната посета на Киев вети дополнителна помош за Украина. – Од првите денови на војната, УНЕСКО застана зад Украинците за да им помогне да ги заштитат културата, наследството, образованието и безбедноста на новинарите, изјави Азулај, …

Повеќе »

ОЈО Гостивар отвори истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, измамничка која лажно нудела работни визи за Германија, за продолжено кривично дело „измама“ согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март …

Повеќе »

Грција ќе „увезе“ 168.000 работници од трети земји

Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места …

Повеќе »

Хабек: Германија не смее да стане страна во војната во Украина

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека Германија не смее да стане страна во војната во Украина. По враќањето од дводневната посета на Киев, Хабек повика на претпазливост кога е во прашање поддршката за Украина, пишува Ди Велт. – Ангажманот на Германија има свои граници – не смееме …

Повеќе »