Breaking News

СВЕТ

Кина планира случајни проверки за Ковид-19 во здравствените установи

Кинеските власти планираат случајни теренски проверки за Ковид-19 во медицинските установи, соопштија денеска здравствените власти во земјата, пренесуваат британските медиуми. Во изминатите неколку месеци, Пекинг се соочи со притисок од одредени земји и здравствени експерти, кои бараа да се обелоденат податоците за бројот на случаи на Ковид-19, особено официјални бројки …

Повеќе »

Чешка веќе не зависи од руско гориво за двете нуклеарни централи

Чешка веќе не зависи од Русија за горивото за своите две нуклеарни централи, а од следната година, кога ќе се потрошат залихите, централите Дуковани и Темелин ќе се снабдуваат со гориво од американската компанија Вестингхаус. -За Чешка е стратешко прашање да се ослободи од зависноста од испораките од Русија. Преземаме …

Повеќе »

Испразнет ректоратот на атинскиот Универзитет што беше под опсада, уапсени десет лица

Десет лица се уапсени при акцијата на грчката полиција за празнење на ректоратот на атинскиот Универзитет што над две седмици беше под опсада, објавија грчките медиуми. Поради несреќата кај Темпи со 57 загинати, кон средината на март, студенти влегоа во објектот што се наоѓа во центарот на Атина и го …

Повеќе »

Клименко: Украина очекува помош од Западот во борбата против корупцијата

Директорот на украинското Специјално обвинителство за борба против корупцијата Олександар Клименко изјави дека западните сојузници можат да помогнат во сузбивањето на корупцијата така што ќе ги екстрадираат лицата кои се под истрага. Тој додаде дека поголемиот број држави го одбиле барањето на Киев за екстрадиција на осомничени лица за корупција. …

Повеќе »

По пауза од еден месец поради железничката несреќа, товарен воз од Атина стигна во Солун

Околу 7.30 часот утрово во Солун пристигна товарниот воз на „Hellenic train“, кој синоќа тргна од Атина, со што по пауза од еден месец, поради несреќата кај Темпи, одново постепено почнаа да сообраќаат товарните возови на конкретната релација, објави грчката државна телевизија ЕРТ. Станува збор за воз со околу 20 …

Повеќе »

Грција ќе набави израелски ракетни системи

Владиниот совет за национална безбедност со кој претседаваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја одобрил набавката на ракетните системи SPIKE- NILOS за потребите на армијата. Според грчките медиуми, станува збор за израелски ракетни системи, односно прецизно оружје што може да се користи и дење и ноќе, може да се постави …

Повеќе »

ОН усвои Резолуција со која се бара дефинирање на обврските во борбата против климатските промени

Генералното собрание на Обединетите нации денеска усвои резолуција со која се бара од Меѓународниот суд на правдата да ги дефинира обврските на државите во борбата против климатските промени, односно правно мислење кое ќе ги обврзе земјите да ги заострат мерките за оваа цел. Резолуцијата со која се бара советодавно мислење …

Повеќе »

Португалија ја суспендира програмата „Златни визи“

Португалија поради поскапувањето на недвижностите и критиките од Европска Унија, одлучи да престане да дава престој и државјанство на жителите на Кина, Русија и други земји во замена за финансиски инвестиции. Со тоа заврши десетгодишната програма позната како „Златни визи“, преку која 31.000 странци влегоа во европската зона на движење …

Повеќе »

Директорот на МААЕ во посета на нуклеарната централа Запорожје

Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси денеска пристигна во градот Енергодар и нуклеарната централа Запорожје со цел да ја утврди состојбата во објектот. Тој во Енергодар пристигна во друштво на советникот на генералниот директор на „Росенергоатом“, Ренат Корча. Гроси изјави дека борбите во близина на електраната …

Повеќе »

Франција: Уставниот совет на 14 април ќе одлучува за уставноста на пензиските реформи

Уставниот совет на Франција ќе донесе одлука за уставноста на реформата на пензискиот систем в петок, на 14 април, „на крајот на денот, односно седум дена пред крајниот рок“, се вели во денешното соопштение на тој влијателен државен орган. Кога станува збор за реформите на пензискиот систем, Уставниот совет или …

Повеќе »