Breaking News

СВЕТ

Лавров: Политиката на Русија вели дека Западот е „егзистенцијална“ закана за Москва

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека новата стратегија за надворешна политика усвоена од претседателот Владимир Путин го идентификува Западот како „егзистенцијална“ закана за Москва. „Егзистенцијалната природа на заканите за безбедноста и развојот на нашата земја, поттикната од дејствијата на непријателските држави е препознаена“ во политиката, рече …

Повеќе »

Кремљ ја отфрли можноста за прекин на офанзивата против Украина

Кремљ ја отфрли можноста за запирање на офанзивата против Украина и покрај повикот на нејзиниот главен сојузник, белорускиот претседател Александар Лукашенко. „На темата Украина ништо не се менува: специјалната воена операција продолжува, бидејќи тоа е единственото средство за постигнување на целите со кои се соочува нашата земја денес“, изјави портпаролот …

Повеќе »

Столтенберг: Финска ќе влезе во НАТО во наредните денови

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Финска ќе и се приклучи на Алијансата во рок од неколку дена по одлуката на Турција да ја ратификува нејзината апликација. – Сите 30 сојузници на НАТО сега го ратификуваа Протоколот за пристапување. Финска формално ќе се приклучи на нашиот сојуз …

Повеќе »

Гринфилд: Русија „не треба да биде“ постојана членка на СБ на ОН

Амбасадорката на САД во ОН Линда Томас-Гринфилд вчера во интервју за Франс прес изјави дека Русија „не треба да биде“ постојана членка на Советот за безбедност на светската организација. – Русија е постојана членка на Советот за безбедност. Тоа не би требало да е така поради она што го прави …

Повеќе »

Русија бара од Северна Кореја муниција во замена за храна, соопшти Белата куќа

САД имаат нови информации дека Русија настојува да набави оружје од Северна Кореја во замена за помош во храна, соопшти Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби изјави дека Вашингтон е загрижен дека Пјонгјанг ќе ги поддржи воените операции на Русија против Украина. Кирби изјави и …

Повеќе »

Путин потпиша декрет за рутинска пролетна регрутација

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за воспоставување рутинска пролетна регрутација и повикување на 147.000 граѓани на задолжителна воена служба, јавија руските медиуми. Во декретот се наведува дека регрутирањето треба да се изврши од 1 април до 15 јули 2023 година за руски државјани на возраст од 18 до 27 …

Повеќе »

ЕУ ја осуди Москва за непочитување на слободата на медиумите

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, синоќа на Твитер напиша дека Европската унија (ЕУ) го осудува затворањето на американскиот новинар Еван Гершкович во Русија под обвинение за шпионажа. „Новинарите треба да можат слободно да ја вршат својата професија и заслужуваат да бидат заштитени. Руските власти уште еднаш го покажуваат своето …

Повеќе »

Столтенберг ја поздрави ратификацијата од турскиот Парламент на приклучувањето на Финска кон НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, синоќа ја поздрави ратификацијата од страна на турскиот Парламент на членството на Финска во Алијансата, изјавувајќи дека тоа ќе го направи „семејството на НАТО посилно и побезбедно“, пренесоа француските меидуми. „Го поздравувам гласањето на турскиот Парламент за комплетирање на ратификацијата на членството на Финска. …

Повеќе »

Турскиот парламент го одобри влезот на Финска во НАТО

Турскиот парламент синоќа ја ратификуваше одлуката со која и се дозволува на Финска да се приклучи на НАТО, отворајќи го патот за Хелсинки да и се приклучи на Алијансата во време на беснеење на војната во Украина, јавија британските медиуми. Турскиот парламент беше последниот од 30-те членки на Алијансата што …

Повеќе »

Покренато обвинение против Трамп во случајот со исплата на мито за Сторми Дениелс

Големата порота на Менхетен синоќа покрена обвинение против поранешниот претседател Доналд Трамп за исплата на кампањски средства на порно актерката Сторми Дениелс за да премолчи дека имала односи со него. Ова е првпат во историјата на САД поранешен претседател да биде обвинет за кривично дело. Трамп за некои медиуми потврди …

Повеќе »