СВЕТ

Пред заминувањето за Пекинг, Емануел Макрон имаше телефонски разговор со Џо Бајден

Францускиот и американскиот претседател Емануел Макрон и Џо Бајден, пред посетата на францускиот лидер на Пекинг, телефонски се договорија да побараат од Кина да ја забрза својата помош за ставање крај на војната во Украина, соопшти Елисејската палата. – Двајцата лидери ја изразија својата заедничка подготвеност да ја ангажираат Кина …

Повеќе »

По поразот на изборите, на Ѓукановиќ му е наредено да урне две дивоградби во Никшиќ

Вонпарламентарното Христијанско-демократско движење, основано од поранешниот премиер на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ, во доцна синоќа објави дека на шефот на државата во заминување Мило Ѓукановиќ, ден по поразот на изборите, инспекторатот доставил наредба да бидат урнати негови дивоградби во Никшиќ бидејќи се во спротивност со општинскиот просторно – урбанистички план. …

Повеќе »

НВО: При задушувањето на протестите во Иран убиени најмалку 537 лица

Иранските безбедносни сили убиле најмалку 537 лица во задушувањето на протестите што почнаа во септември минатата година во земјата, соопшти Иранската организација за човекови права. Во претходниот извештај на истата организација се вели дека во задушувањето на протестите биле убиени 488 демонстранти. Невладината организација со седиште во Норвешка, која објави …

Повеќе »

Францускиот Парламент ќе расправа за резолуцијата со која се повикува групата „Вагнер“ да биде прогласена за терористичка организација

Со резолуција, за која наскоро ќе се расправа во францускиот Парламент, се бара руската паравоена група „Вагнер“, која е многу активна на украинскиот фронт, да се најде на списокот на терористички организации на Европската унија, јавија француски медиуми. Необврзувачкиот текст, што пратениците ќе го разгледаат на 9 мај, се однесува …

Повеќе »

Бајден: Мора недвосмислено да се утврди дали вештачката интелигенција е опасна

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека мора недвосмислено да се утврди дали вештачката интелигенција (ВИ) е опасна. Бајден истакна дека компаниите за вештачка интелигенција имаат одговорност да ги направат своите производи безбедни пред да ги направат достапни за јавноста. Бајден им укажа на своите советници за наука и технологија дека …

Повеќе »

Израел изврши воздушни напади врз Појасот Газа по ракетниот напад од палестинската енклава

Израелски авиони ја нападнаа Газа рано утринава по ракетниот напад од палестинската енклава на израелска територија. Израелската полиција синоќа нападна десетици палестински верници во комплексот на џамијата Ал Акса. Радио Хамас соопшти дека во израелските напади се погодени два кампа за обука – еден во градот Газа, а другиот во …

Повеќе »

Нинисто: Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого

Пристапувањето на Финска во НАТО не е насочено против ниту една земја, порача претседателот на Финска, Саули Нинисто, во изјавата по повод приемот на земјата во НАТО. „Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика …

Повеќе »

Финска официјална стана членка на НАТО откако САД ги доби документите за пристапување

Финска е официјално членка на НАТО, откако финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто денеска во Брисел го депонираше инструментот за пристапување до САД. Финска станува 31-ва членка на одбранбената алијанса откако го надмина противењето од Турција. Ова е „историски ден“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Стотленберг. Членот 5 …

Повеќе »

Столтенберг: Финска добива „железна гаранција за безбедност“

Финска добива „железна гаранција за безбедност“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јанс Столтенберг на почетокот на денешната церемонија за приклучување на Финска во Алијансата. Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто претходно денеска во Стејт Департментот во САД го депонираше инструментот за пристапување кон Северноатлантскиот договор, со што Финска …

Повеќе »

Германската владејачка коалиција планира да побара приватниот и јавниот сектор да ја намалат потрошувачката на енергија за 26,5 отсто

Германската владејачка коалиција планира да побара од приватниот и јавниот сектор да ја намалат потрошувачката на енергија за 26,5 отсто до крајот на деценијата во споредба со 2008 година, наведено е во нацрт-законот. Водена од стравувањата дека трајно намаленото снабдување од Русија може да доведе до недостиг на гас, коалицијата …

Повеќе »