СВЕТ

Ердоган: Советот за безбедност на ОН треба да се реформира

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно ја истакна потребата од реформирање на системот на ОН, јави Анадолија. „Светскиот поредок, во кој судбината на човештвото ја решаваат само пет земји, е некомпетентен. Итно е потребна сеопфатна реформа на Советот за безбедност на ОН“, рече турскиот лидер по церемонијата на ифтар (вечера …

Повеќе »

УНЕСКО вети дополнителна помош за Украина

Директорката на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), Одре Азулај при денешната посета на Киев вети дополнителна помош за Украина. – Од првите денови на војната, УНЕСКО застана зад Украинците за да им помогне да ги заштитат културата, наследството, образованието и безбедноста на новинарите, изјави Азулај, …

Повеќе »

ОЈО Гостивар отвори истрага против измамничка која лажно нудела работни визи за Германија

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, измамничка која лажно нудела работни визи за Германија, за продолжено кривично дело „измама“ согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март …

Повеќе »

Грција ќе „увезе“ 168.000 работници од трети земји

Недостигот на работна сила во Грција во повеќе сектори меѓу кои земјоделството, сточарството, градежништвото, но и туризмот резултира земјата за периодот 2023-2024 година, да увезе 168.000 работници од трети земји, пишува грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на весникот, за пополнување на слободните работни места …

Повеќе »

Хабек: Германија не смее да стане страна во војната во Украина

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека Германија не смее да стане страна во војната во Украина. По враќањето од дводневната посета на Киев, Хабек повика на претпазливост кога е во прашање поддршката за Украина, пишува Ди Велт. – Ангажманот на Германија има свои граници – не смееме …

Повеќе »

Европол: Организираниот криминал се инфилтрира во европските пристаништа

 Криминални групи за шверц на дрога се повеќе се инфилтрираат во европските пристаништа поткупувајќи функционери и тајно внесуваат свои членови во објектите, соопшти денеска европската полициска служба Европол, јави ДПА. Бандите главно користеле контејнерски транспорт за шверц на кокаин во Европската унија. Тие сè повеќе ги користеле дигиталните безбедносни кодови …

Повеќе »

Санчез: Шпанија ќе преземе иницијатива за одново да започне дијалогот за кипарското прашање

Шпанија ќе преземе иницијатива за рестартирање на дијалогот за кипарското прашање, истакнал премиерот на Шпанија Педро Санчез по средбата во Никозија со претседателот на Кипар Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина. Санчез истакнал дека Шпанија силно го поддржува изнаоѓањето „бизонално, би-комунално федеративно решение, кое е трајно и праведно, …

Повеќе »

Лукашенко во Москва на разговори со Путин

Шефот на белоруската држава Александар Лукашенко денеска пристигнува во Москва на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, јави ДПА. Лукашенко и Путин ќе разговараат за „актуелни билатерални и меѓународни прашања“, се вели во соопштението на Кремљ. Меѓу нив е и распоредувањето тактичко нуклеарно оружје на белоруска територија веднаш на границата …

Повеќе »

Брод на „Лекари без граници“ спаси 440 мигранти во близина на Малта

Хуманитарен брод на „Лекари без граници“ синоќа спаси 440 мигранти од брод зафатен во невреме во меѓународни води во близина на Малта, соопшти денеска невладината организација. „По операција од повеќе од 11 часа, спасувањето сега е завршено, а вкупно 440 луѓе, меѓу кои осум жени и 30 деца, сега се …

Повеќе »

Анкета: Нова демократија со 4,5 отсто во предност пред СИРИЗА

На месец и половина пред парламентарните избори во Грција, владејачката Нова демократија има предност од 4,5 отсто пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од новото истражување на јавното мислење спроведено од агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со претходната анкета пред 20 дена, …

Повеќе »