Breaking News

СВЕТ

Трамп: Нема да кажам кој е одговорен, но Русија не е вмешана во експлозиите на гасоводите Северен Поток 1 и 2

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека Русија не е одговорна за експлозијата на гасоводите Северен поток во септември минатата година и навести дека САД би можеле да бидат вмешани во инцидентот. Не сакам да ја доведам нашата земја во неволја, затоа нема да одговорам. …

Повеќе »

Лондон воведе санкции за блиски соработници на руските олигарси

Велика Британија денеска соопшти дека воведува санкции за луѓе блиски до руските олигарси, вклучително и членовите на придружбата на Роман Абрамович и Алишер Усманов, кои ги обвинува дека им помагале да го скријат својот имот. Меѓу погодените од новите британски санкции се Деметрис Јоанидес и Христодулос Василијадес, двајца кипарски државјани. …

Повеќе »

МИ5: Кинески шпиони влегуваат во Велика Британија преку државјани на трети земји

Британската разузнавачка служба МИ5 ја предупреди владата дека кинеските шпиони влегуваат во Британија со добивање државјанство од трета земја, што им овозможува безвизен пристап. Загриженоста го натера Министерството за внатрешни работи да подготви нови визни ограничувања за голем број земји што ги користат Кинезите, но Форин Офисот ја блокираше одлуката, …

Повеќе »

Србија испратила или ќе испрати оружје за Киев, министерот за одбрана ги негира овие наводи

Србија, која е единствената земја во Европа што одби да воведе санкции кон Русија заради инвазијата на Украина, се согласила да испрати оружје во Киев или веќе го испратила, покажуваат тајните документи на Пентагон, соопшти денеска Ројтерс, додека министерот за одбрана Милош Вучевиќ за руски Спутник и Танјуг негираше дека …

Повеќе »

Британското Министерство за одбрана тврди дека Москва ги засили нападите во јужна Украина

Русија значително ги зајакна своите одбранбени линии во јужна Украина, но успехот на оваа стратегија зависи од тоа дали доволно артилерија и персонал ќе можат да ја поддржи, соопшти денеска британското Министерство за одбрана. Овој потег е направен за да се спротивстави на можна контраофанзива на Украинците во правец на …

Повеќе »

СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип

Жена од Кина стана првата личност која почина од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Сите индикации се дека овој вид не се шири меѓу луѓето. Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата …

Повеќе »

Јужнокорејската опозиција бара истрага за тајните американски документи

Јужнокорејската опозиција побара од властите да ги истражат наводите за американска шпионажа во различни земји од објавените тајни документи кои се чини дека откриваат дека Вашингтон го следи и својот азиски сојузник. Посебно чувствителните тајни американски документи објавени на интернет во последниве недели се чини дека укажуваат на тоа дека …

Повеќе »

Радев: Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс на земјата поставен од преодната влада

Очекувам ова Народно собрание, за разлика од претходните, да го поддржи европскиот курс поставен од преодната влада со усвојување на законите што ги изготви во рамките на Планот за закрепнување и одржливост, што ќе привлече значителни финансиски средства и ќе ги забрза реформите потребни за модернизација на земја, истакна претпладнево …

Повеќе »

Драстичен пад на довербата во германската владина „семафор коалиција“

Драстично е опадната поддршката за владејачката „семафорска коалиција“ во Германија, а трендот на намалување на нејзиниот рејтинг продолжува. Во моментов повеќе од половина од граѓаните сакаат пад на владатата на канцеларот Олаф Шолц, покажува истражувањето нарачано од таблоидот „Билд“. Десничарската Алтернатива за Германија (AfD), во овие околности, го бележи својот …

Повеќе »

Седум војници загинаа во престрелка на границата меѓу Азербејџан и Ерменија

Во размена на оган во спорниот планински регион Нагорно Карабах на границата меѓу Азербејџан и Ерменија загинаа седум војници од двете страни, соопштија властите. Ерменија и Азербејџан синоќа разменија обвинувања за судирот во кој загинаа тројца азербејџански и четворица ерменски војници. Двете поранешни советски републики на Кавказ се судрија во …

Повеќе »