СВЕТ

ФСБ спречила терористички напад во Самарскиот регион

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија соопшти дека спречила терористички напад на пункт за примање хуманитарна помош во Самарскиот регион, кој бил планиран од соучесник на терористичкиот Руски доброволен корпус (РДК), организација која дејствува под покровителство на украинските специјални служби. „На територијата на Самарскиот регион спречен е терористички акт …

Повеќе »

Десетици опозициски демонстранти уапсени во Њу Делхи

Десетици демонстранти беа уапсени денеска во Њу Делхи, со цел да бидат спречени да стигнат до резиденцијата на премиерот Нарендра Моди. Околу 300 приврзаници на опозицискиот лидер Арвинд Кејривал се собраа на протест пред Парламентот на Индија и побараа тој да биде ослободен. Кејривал беше уапсен минатата недела поради наводен …

Повеќе »

Фезер: Германија проивремено ја враќа граничната контрола за Европското првенство во фудбал

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер најави дека привремено ќе бидат обновени проверките на сите граници на Германија за време на Европското фудбалско првенство летово. „За времетраењето на првенството привремено ќе вршиме проверки на сите германски граници за да спречиме влез на територијата на земјата на луѓе склони кон …

Повеќе »

Порторико прогласи епидемија од денга

Министерот за здравство на Порторико прогласи епидемија на денга по порастот на бројот на случаите со заразната болест во американската карипска територија од 3,2 милиони луѓе. Најмалку 549 случаи со денга се регистрирани годинава, а вкупно 1. 293 биле регистрирани во цела 2023 година. Најмногу нови случаи се регистрирани во …

Повеќе »

Јерликаја: Во Турција уапсени 147 осомничени членови на Исламска држава

Турските власти уапсија 147 осомничени членови на џихадистичката група Исламска држава, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Апсењата се извршени во 30 провинции, од вкупно 81 коллку што има во Турција, соопшти министерот на платформата Х. „Од 1 јуни минатата година досега во земјата се уапсени 2. …

Повеќе »

Рејндерс, Берсет и Сар кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа 

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, донеодамнешниот швајцарски министер за внатрешни работи Ален Берсет и поранешниот естонски министер за култура Индрек Сар се тројцата кандидати за нов генерален секретар на Советот на Европа, соопшти денеска Комитетот на министри на оваа паневропска организација.  Новиот прв човек на Советот на Европа треба да …

Повеќе »

Во Газа продолжија борбите и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН

Борбите меѓу Израел и Хамас во Газа продолжија и синоќа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која претходно се побара итен прекин на огнот. Би-Би-Си пренесува очевидци од Газа кои изјавуваат дека израелски воени авиони синоќа го бомбардирале јужниот град Рафа, додека жестоки борби се водат …

Повеќе »

Најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, на бродот нема повредени

– Се смета дека најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, изјави за Би-Би-Си Кевин Картрајт од противпожарната служба на Балтимор. Тој претходно рече дека спасувачи трагаат по најмалку седум лица во реката Патапско. Картрајт нагласи дека условите за спасување се несигурни бидејќи делови од …

Повеќе »

Руски истражители во Таџикистан ги испитувале роднините на осомничените напаѓачи во Москва

– Руски истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции. Тројца таџикистански безбедносни извори изјавиле дека руските истражители ги испитувале семејствата на осомничените за нападот во Крокус Сити Хол во Москва, во кој …

Повеќе »

ОСХР: Убиени девет проирански борци во напади во источна Сирија

Најмалку девет проирански борци се убиени во воздушните напади во источна Сирија изведени во текот на ноќта, соопшти Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права –ОСХР (OSHR). Цел на нападите била вила која служела како центар за комуникација во сирискиот град Деир Езор, пшри што биле ранети уште над 20 …

Повеќе »