Breaking News

ЛОКАЛНО

Доделување на наградите за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство за 2022 година

Во Скопје денеска ќе бидат доделени наградите за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Северна Македонија за 2022 година. Доделувањето на наградите традиционално се организира од страна на Македонското здружение на млади правници во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНЦХР …

Повеќе »

Презентација на податоците за почитување на начелото на недискриминација и правична застапеност за 2022 година

Во канцеларијата на Народниот правобранител во Скопје денеска ќе бидат презентирани податоците за почитувањето на начелото на недискриминација и соодветна и правична застапеност за 2022 година. Податоците ќе ги презентира народниот правобранител Насер Зибери. дма/бак/Фото:МИА архива . Извор: МИА

Повеќе »

Седми Светиклиментов научен собир „Мисија и секуларизам“

Седмиот Светиклиментов научен собир на тема „Мисија и секуларизам“ ќе се одржи денеска во свечената сала на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Собир е годишна конференција на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, која за програмска цел го има вмрежувањето на теологијата со другите науки кои се …

Повеќе »

Панел дискусија за корупција во високото образование

Панел дискусија за корупција во високото образование во Северна Македонија ќе се одржи денеска во „Europe House” во Скопје. Дискусијата ќе биде посветена на корупцијата во високото образование и има за цел да ги истакне предизвиците и можните решенија во врска со овој проблем. Најавени се обраќања на министерот за …

Повеќе »

Научно-стручна расправа „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“

Во чест на патрониот празник на факултетот „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска ќе се одржи научно-стручна расправа на тема „Наставничката професија во современиот образовен и општествен контекст“. На научно-стручната расправа, што ќе се одржи во салата на Ректоратот на УКИМ, како што соопшти Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ Скопје, …

Повеќе »

Панел дискусија за подобрување на менталното здравје и зајакнување на жените

Во Скопје денеска ќе се одржи панел-дискусија, дел од кампања за зајакнување на жените и нивното ментално здравје под наслов „Здравјето не е само физичко – ти ја имаш силата“. Настанот е организиран од Центарот за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација „Неокортекс“, а поддржан од „ДМ дрогерие маркт Македонија“. – …

Повеќе »

Завршува скрининг процесот со ЕУ  

Вицепремиерот задолжен за европски прашања и главен преговарач на земјава со ЕУ, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во Брисел ќе присуствуваат на билатералниот состанок со Европската комисија по „Поглавјето 31 – Заедничка надворешна и безбедносна политика“ од Кластерот 6, со чие затворање земјава го завршува …

Повеќе »

Постапката за екстрадација на првоосомничениот за убиството на Вања и Панче во тек, останатите осомничени во 30-дневен притвор

– Постапката за екстрадација на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски започна вчера, откако Министерството за правда побара од надлежните турски власти тој да биде задржан во притвор сѐ до завршување на постапката. Тој во вторникот беше уапсен во Турција, а останатите четворица …

Повеќе »

Бектеши и Шаќири на средба со студенти од државните универзитети за новиот пакет антикризни мерки

Министрите за економија и за образование и наука, Крешник Бектеши и  Јетон Шаќири, денеска во Министерството за економија ќе имаат состанок со претставници на студентските собранија од неколку државни универзитети во врска со  деветтиот пакет антикризни мерки. Со новиот пакет антикризни мерки, кој Владата го презентираше на 28 ноември, над …

Повеќе »

Спасовски на средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска ќе оствари средба со раководствата на СВР Битола, СВР Охрид и РЦ Запад. Како што информираат од МВР, работната средба ќе се одржи во просториите на Регионалниот центар Запад во Охрид. фф/бак/Фото: МИА Архива . Извор: …

Повеќе »