Breaking News

ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство намалено за 0,3 отсто

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2022 година во однос на периодот јануари – декември 2021 година е намален за 0,3 отсто, додека во декември 2022 година во споредба со декември 2021 година бележи пад од 1,3 проценти. Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот Рударство и …

Повеќе »

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради изгубеното производство

Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, проценуваат експертите и додаваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ. Ефектите од Брегзит опфаќаат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави …

Повеќе »

Битиќи: Без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска од владината конференција „Година на нови можности” порача дека без структурни и системски промени нема отворање пат за одржлив раст и развој. Битиќи се осврна на мерките и политиките што ги презема Владата во период кога сме исправени, како што истакна, со сериозна …

Повеќе »

Ковачевски: Годинава имаме шанса да ги забрзаме преговорите и да станеме членка на ЕУ до 2030

Дали ќе ги отвориме поглавјата во рамки на преговарачкиот процес е нешто што зависи од нас. Во оваа, 2023 година, ја имаме најголемата шанса досега, да ги забрзаме преговорите и до 2030-та година, објективно и реално, Република Северна Македонија да стане членка на ЕУ. Ги почнавме преговорите со целосно заштитен …

Повеќе »

Детектор: Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата

Над 60 отсто од граѓаните сметаат дека државата не е подготвена да се справи со економската криза и инфлацијата, покажува истражувањето на јавното мислење кое за емисијата Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС) на репрезентативен примерок од 1.119 испитаници преку телефонска анкета реализирана во периодот од 23 …

Повеќе »

Битиќи: Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој

Веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria каде говореше за потребата за увоз на работна …

Повеќе »

Стандард и Пурс: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Денарот останува стабилен, а во следниот период не се очекуваат притисоци врз девизните резерви. Здравоста на банкарскиот систем е зачувана, при што капитализираноста е соодветна и стабилна, додека нефункционалните кредити остануваат на ниско ниво. Ова се наведува во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс”, во кој се …

Повеќе »

ЕУ ги продолжи економските санкции кон Русија

Советот на ЕУ денеска ја продолжи важноста на рестриктивните мерки насочени кон одредени сектори на економијата на Руската Федерација за шест месеци, до 31 јули. Санкциите првпат беа воведени во 2014 година како одговор на руските активности за дестабилизација на ситуацијата во Украина, а значително беа проширени од февруари 2022 …

Повеќе »

Битиќи – Казуја: Има голем потенцијал за унапредување на економската соработка

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска оствари средба со амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја. На средбата беше нагласено дека билатералните односи помеѓу двете земји се на завидно ниво, како и дека постои голем потенцијал за унапредување на економската соработка. Амбасадорот Казуја се согласи дека со влезот на земјата во …

Повеќе »

Гувернерката Ангеловска-Бежоска за „Дојче веле”: Стабилизирањето на увозните цени и мерките коишто се преземаат треба да ја забават инфлацијата годинава

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле”, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на …

Повеќе »