Живковска: Гласањето за ректор помина во најдобар ред, ги собираме резултатите од сите 28 единици на УКИМ


Гласањето за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје на 28-те единици во негов состав (23 факултети и пет институти) е завршено и поминало во најдобар ред, изјави за МИА проф.


Родна Живковска, претседателка на Универзитетската изборна комисија (УИК), до која изборните комисии од секоја од единиците на УКИМ ги праќаат податоците од гласањето што денеска траеше од 12 до 14 часот.


За еден од шесте кандидати за нов ректор на Скопскиот универзитет право да гласаат имаа 1419 гласачи запишани во Единствениот избирачки список.

По пребројувањето, УИК ќе ги објави резултатите попладнево на веб-страницата ukim. edu. mk- Се поминува во најдобар ред.


Единиците пресметуваат и ги вадат поените, ние само ги собираме и ги ставаме поените од сите 28 единици. Чекаме уште физички да ги донесат, инаку се пратени онлајн во табели.

Секоја единица си ги пресметува и ни ги праќа по електронски пат и компјутерот ги собира. Веќе имаме елекронски, уште физички да ги донесат, рече проф. Живковска.


По составувањето записник, резултатите за гласањето за секој од шесте кандидати ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ.

Колкав бил одѕивот на гласањето, рече таа,  ќе се знае кога ќе се пресмета колку гласачки ливчиња биле празни.


 На 23 факултети и пет институти во состав на УКИМ денеска се спроведе тајно гласање за избор на ректор на Универзитетот „Св.

Кирил и Методиј“-Скопје за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година.

 Се избираше за еден од шесте кандидати, колку што и се пријавија на огласот: Горан Ајдински од Филозофскиот факултет, Биљана Ангелова од Економскиот институт, Ратко Дуев од Филозофскиот факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)  и Димитар Ташковски од ФЕИТ.

По објавувањето на резултатите од тајното гласање, ќе следува период за поднесување приговори во рок од три работни дена (31 мај – 5 јуни до 16 часот).

Откако ќе бидат разгледани евентуални приговори, УИК на 6 јуни ќе ги објави конечните резултати.

  Доколку на некои единици во состав на УКИМ е потребно прегласување, повторното гласање ќе се организира на 9 јуни од 12 до 14 часот, а резултатите ќе бидат објавени до крајот на истиот ден.

По законскиот рок од три дена за приговори, конечните резултати за избор на ректор ќе бидат објавени на 15 јуни. Кандидатот што ќе биде избран, од септември ќе го наследи актуелниот ректор, проф.

д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој функцијата ректор на Скопскиот универзитет ја извршуваше два мандата. хс/сп/ Фото: МИА архива .

Извор: МИА