10/07/2025

Земјотрес во Врање, почувствуван и во Куманово


– Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во близина на северната граница на Македонија со Србија, на 10 километри северно од Врање.


Земјотресот бил почувствуван и во Куманово. – На 13,10.


2024 година во 04:48 часот по локално време, земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Врање, на 10 километри северно.

Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод – Србија.


 Земјотресите со ваков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на зградите во епицентралното подрачје.

Втор помал земјотрес со јачина од 2,8 степени во истиот регион е регистриран во 8:27 часот по локално време. аа/Фото: Републички сеизмолошки завод – Србија .


Извор: МИА