15/01/2026

Затворски казни за обвинетите од предметот со коњско месо во Франција


Судот во Марсеј им изрече казни од осум месеци до четири години затвор на 15 лица од Франција, Белгија и Холандија инволвирани во случајот со измама со коњско месо, јави ДПА.


Судот посочи дека обвинетите на големо и организирано преработувале коњско месо несоодветно за човечка исхрана, пренесува весникот „Прованс“.


Претседателката на Судот, Селин Балерини, при соопштувањето на пресудата истакна дека обвинетите, водени од желбата за профит, употребувале лажни коњски пасоши, печати и други фалсификувани медицински документи за да го искористат за храна месото што инаку не е за изхрана.

Измамата со коњско месо била извршена во периодот од 2010 до 2015 година.


Во друг судски процес што се уште е во тек, Обвинителството терети лабораториска фарма на фармацевтска компанија дека коњите користени за експерименти што биле забранети за човечка исхрана, биле заклани, а нивното месо завршило на трпеза. аб/