22/04/2025

Второто полугодие од учебната година ќе почне на 23 јануари


Наместо на 18 јануари, второто полугодие од учебната 2022/2023 година ќе почне на 23 јануари (понеделник) со физичко присуство за сите ученици.


Владата го разгледа и го усвои овој предлог на Министерството за образование и наука денеска на 118-та редовна седница.


– Во образложението од Министерството за образование и наука е наведено дека зимскиот распуст се продолжува поради заштеда на греење и заштита на здравјето на учениците, информира владината прес-служба. хс/сст/