29/04/2025

Во Собранието продолжува 100. седница


Во Собранието денеска продолжува 100. седница, на која прва точка за расправа е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административните такси, по скратена постапка.


Потоа следуваат предложените измени и дополнувања на Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по договорот за заем за финансирање на проектот „Изградба на нова и реконструкција на постојната делница Бељаковце – Крива Паланка – источниот дел од железничката пруга на Коридор VIII, фаза 2″, по скратена постапка.


Пратениците ќе расправаат и за Годишниот извештај за работењето на Оперативно – техничката агенција за 2022 година.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Управата за јавни приходи е исто така дел од агендата.


Ќе биде разгледуван и Предлогот законот за нуспроизводи од животинско потекло. бд/лв/