27/04/2025

Во Скопје утрово пороен дожд и грмежи


Во раните утрински часови територијата на Скопската котлина беше зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и можна појава на суградица.


Поинтензивни врнежи имаше во подножјето на Скопска Црна Гора, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).


Од ЦУК наведуваат дека и Кумановската котлина е зафатена со нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и град, а во моментот нестабилна воздушна маса се движи кон градовите Берово и Пехчево.

Се очекува дека Берово и Пехчево ќе бидат зафатени со нестабилна облачна маса проследена со силен пороен дожд, грмежи и град. мд/са/Фото: МИА архива   .


Извор: МИА