Breaking News

Во Мичурин ќе почне доградбата на ООУ „Блаже Конески“


Во населбата Мичурин во Општина Аеродром денеска ќе се означи почетокот на доградбата на Општинското основно училиште „Блаже Конески“.


Како што најавија општинските власти, настанот ќе се одржи во дворот на училиштето, а ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. Почетокот на градежните работи ќе ги означи в. д.


градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески. бт/мд/Фото: МИА Архива .

Извор: МИА