– Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас денеска во Брисел се сретна со палестинскиот премиер Мохамед Мустафа.
Таа истакна дека се водат разговори за прераспоредување на набљудувачката мисија на ЕУ во Рафа за да се обезбеди стабилност на границата со Египет, по договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците.
Калас на социјалната мрежа Икс оцени дека овој договор може да биде чекор кон траен мир, но истакна дека „сите знаеме дека претстојат многу тешки предизвици“.
– Подготвени сме да помогнеме со хуманитарна помош, реконструкција и закрепнување, посочи Калас. ми/фото: ЕПА .
Извор: МИА