Breaking News

Во Битола промовиран Прирачник за пристапен туризам


  Здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ, промовира Прирачник за пристапен туризам.


-Активна поддршка на активностите на Здружението Мобилност дава Универзитетот „Св. Климент Охридски“, истакна ректорот Игор Неделковски.


-Ние сме единствениот универзитет во Македонија кој во Студентскиот дом-Битола има изградено пристапни соби.

Тоа значи дека студентите со телесен инвалидитет од кој било облик може да престојуваат во студентскиот дом, и непречно да бидат сместени.


Исто така, имаме соодветни акти со кои се забранува дисксиминација на лица со инвалидитет, и тие што се запишани на универзитетот имаат право да им се обезбеди полагање на испити во пристапни простории.

За жал, повеќето наши факултети се пристапни само на првите катови, а таму се лоцирани службите за студентски прашања каде  студентите немаат проблем да ги остварат своите административни права.


За адаптирање на повисоките катови и пристап до нив, за жал, средства нема, истакна ректорот Неделковски.

Според истражувањата на експертскиот тим кој го изработи Прирачникот за пристапен туризам, најголем дел од анкетираните не ја познаваат законската регулатива које во функција на лицата со инвалидност.


-Нашата теренска активност и истражувања покажаа дека анкетираните не ја познаваат законската регулатива,  голем дел од институциите мислат дека се пристапни, а не се според стандардите, и повеќе од 90 отсто изразија подготвеност да научат како да станат пристапни за лицата со попреченост.

Проблемот за пристапноста посебно во делот на културното наследство е голем, не се адаптирани влезовите, потребно е адаптирање на тоалетите, потоа нема соодветна примена на конвнции и ИСО стандарди.

Ако постои свест за важноста на пристапноста, ако постои познавање на законската регулатива, тогаш може да се најде решение, истакна Ружин.

Прирачникот за пристапен туризам е изработен во рамки на прекуграничен проект „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“ АЛТЕР ТРИП, беше посочено на промотивниот настан во Битола.

мт/љмФото: МИА .

Извор: МИА