Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со женска екипа, слета во Тексас по 11 минути каде што ги пречека тим кој ќе им помогне да закрепнат.
Шестчлената женска екипа, ја вклучуваше и поп-ѕвездата Кети Пери и партнерката на Безос, Лорен Санчез, водителката Гејл Кинг, ракетниот научник Ајша Боу, активистката за граѓански права Аманда Нгуен и филмската продуцентка Кериен Флин.
Настанот во живо го следеа Опра Винфри, нејзината најдобра пријателка Гејл Кинг, Клои Кардашијан и Крис Џенер.
Станува збор за автоматизирана ракета на која нема пилот. Така, екипажот жени всушност биле само патници и немале контрола над летот, кој траел околу 11 минути.