29/04/2025

Условна казна за доктор Асани за давање здравствени услуги во приватна ординација без дозвола


Условна казна од четири години доби струшкиот гинеколог Мухамед Асани за давање здравствени услуги во приватна ординација без дозвола за работа.

Според одлуката на Судот, Асани не треба да изврши друго дело во наредните четири години, во спротивно ќе треба да одлежи две години затвор.


– Му се утврдува казна затвор во траење од две години и истовремено се определува дека таа нема да се изврши, ако осудениот во рок од четири години не стори ново кривично дело, потврдија за МИА од Основниот суд во Струга


Асани од Државниот санитарен и здравствен инспекторат доби забрана за вршење на дејност во нерегистрирана ординација.

Против доктор Асани во тек е судска постапка за отстранување три органи по породувањето со царски рез на родилката Јилдиз Веапоска од Дебар. Судењето по овој предмет треба да продолжи на 10 март за кога е закажано ново судско рочиште. сс/дма/