Уште еден обид на Хохштајн за прекин на огнот во Либан


– Американскиот претставник Ејмс Хохштајн денеска се сретна со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во обид да обезбеди прекин на огнот помеѓу Израел и либански Хезболах, потврди портпаролката на израелската Влада.


Хохштајн веќе неколку месеци се обидува да преговара за прекин на огнот, но засега безуспешно.


Вршителот на должноста премиер на Либан, Наџиб Микати вчера изјави дека се надева оти наскоро ќе биде постигнато примирје.

За да се постигне примирје помеѓу Израел и Хезболах потребно е да се имплементира резолуцијата 1701 на Обединети нации, според која либанската армија треба да се распореди во јужен Либан и да се консолидира нејзиното присуство во пограничната област.


Според Резолуцијата 1701 Хезболах треба да се повлече северно од реката Литани на околу 30 километри од границата со Израел.

Израел и Либан во рок од 60 дена мора да разговараат и за целосно спроведување на резолуцијата 1701 на ОН.  ми/фото: ЕПА .


Извор: МИА