17/06/2025

Уште еден министер си поднесе оставка


Денеска, Фљакрон Беџети, досегашниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја достави својата неотповиклива оставка од оваа позиција.


Оваа информација Беџети ја објави преку социјалната мрежа Фејсбук, наведувајќи дека официјално ја поднел оставката до премиерот Христијан Мицкоски.


Во својата објава, Беџети изрази благодарност до премиерот, министерот за земјоделство, целиот владин состав, како и до своите колеги и соработници, за нивната професионална соработка. “Ова беше 10-месечен период на посветеност, одговорност, да се служи оваа функција во корист на земјоделците и сите други што ги претставува ова Министерство”, напиша тој.

“Верувам дека со достоинство, транспарентност, сериозност и гордост, придонесов на оваа позиција, колку и да е малку, за општото добро”, додаде Беџети во својата фејсбук објава.


Тој исто така упати благодарност до лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, и до самата партија, нагласувајќи ја својата континуирана лојалност кон нив. “Верувам дека не разочарав никого и со чесен труд ја афирмирав партијата што ја претставувам”, заклучи Беџети.

дма/сст/Фото:МЗШВ, ФБ на Фљакрон Беџети .