13/05/2025

Украина повика на ладнокрвност по најавата на Русија за ревизија на нуклеарната доктрина


Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига денеска во Вашингтон повика на „ладна глава“ пред најавената ревизија на руската нуклеарна доктрина, со која се проширува можноста за користење атомско оружје.


„Мораме да останеме со ладна глава, јасни идеи и да не се препуштиме на стравот“, рече Сибига пред комитетот на американскиот Конгрес.


Според него, најавата на Русија за ревизија на нуклеарната доктрина и нејзината реторика за употреба на нуклеарно оружје „не се ништо друго освен уцена“.

Белата куќа претходно ја оцени како „неодговорна“ реториката на Русија за нуклеарното оружје.


И британскиот премиер Кир Стармер ја осуди „неодговорната реторика“ на Русија, која „замавна со нуклеарна закана“ на 1,000-тиот ден од офанзивата против Украина. паг/Фото: Икс   .

Извор: МИА