На 12 јуни, со почеток во 12:30 часот, во Кинотека на Македонија, ќе се одржи ТвинТек Talk – еднодневен настан посветен на инспиративни разговори, нови перспективи и синергија меѓу човечкиот потенцијал и вештачката интелигенција.
Настанот е отворен за сите кои сакаат да научат како да ја користат вештачката интелигенција за учење, иновации и прогрес. Сѐ што треба да направите е да го регистрирате вашето присуство на следниот линк: https://form.typeform.com/to/xPYuxWnq
По успешната ТвинТек Конект 2025 конференција која се одржа минатиот месец, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР, продолжува со организација и на Твин Тек Talk, како следен чекор во креирањето на долгорочна платформа за учење која има за цел да го зајакне иновацискиот екосистем во земјата.
На ТвинТек Talk ќе имате можност да слушнете 3 инспиративни говори од добро познати практичари од областа на иновациите:
- Моника Ризовска Таневска која ќе говори на темата: Од мали иновации до големи промени – Вештачка интелигенција во служба на човештвото
- Гого Рафајловски ќе зборува за интелектуалниот капитал како најмоќна валута на 21 век
- Ирена Јакимова ќе ви открие како синергијата меѓу човечкиот потенцијал и вештачката интелигенција ги брише границите на креативноста.
Настанот е организиран во соработка со проектот POLICY ANSWERS и Enterprise Europe Network North Macedonia.
Дознајте повеќе за ТвинТек Talk на Facebook и LinkedIn профилите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување МИР и не ја пропуштајте можноста да бидете дел од оваа уникатна платформа за размена на идеи и инспирација.