Breaking News

Цел Еквадор остана без струја поради голема хаварија


– Во Еквадор во средата попладне беше регистриран целосен прекин на струјата поради што целата нација од околу 18 милиони луѓе беа без електрична енергија најмалку еден час, објави министерот за јавни работи Роберто Луке на Х.


„Имаше дефект во далновод што предизвика каскадно исклучување, така што нема струја на национално ниво“, нагласи Луке, кој е и вршител на должноста министер за енергетика.


Тој не даде детали за причината за дефектот. Во април, претседателот на Еквадор, Даниел Нобоа, прогласи вонредна состојба во енергетскиот сектор и најави планирани прекини на струјата.

Јужноамериканската земја се бори со суша која влијае врз производството на електрична енергија од хидроцентралите.


Прекинот ги изненади Еквадорците, особено жителите на главниот град Кито и корисниците на метрото, каде запреа возовите околу 15:20 часот по локално време.

Струјата се враќаше постепено, од еден кварт во друг во Квито, град со околу три милиони жители. зш/ .


Извор: МИА