Breaking News

Тркалезна маса за креирање стручно образование по мерка на бизнисот


Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“.


Тркалезната маса се организира како резултат на спроведената анкета меѓу компаниите членки на Комората.


Наодите од анкетата ќе бидат презентирани на настан на кој ќе има и дискусија во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. хс/бак/Фото: МИА архива    .

Извор: МИА