Денеска, во организација на Академијата за европска интеграција (АЕИ), ќе се реализира панел дискусија на тркалезна маса со наслов: „Патот на Северна Македонија до ЕУ: Предизвици и можности во 2025“.
Според информациите од Академијата, улогата на модератор на овој настан ќе ја има директорот на АЕИ во Скопје, Васко Наумовски. Предвидени се обраќања од амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, основачот и претседател на Меѓународниот одбор на АЕИ во Скопје, Габриел Лански, како и од претседателот на АЕИ, Арлинд Зеќири.
Од АЕИ изјавуваат дека предавачи на панел дискусијата ќе бидат експерти и професионалци од областа на интеграцијата и Европската унија. Меѓу нив се судијката во Европскиот суд на правдата и поранешна министерка за правда во Австрија, Мариа Бергер, поранешниот директор за Југоисточна Европа и проширување на ЕУ при Министерството за надворешни работи на Австрија, Клаус Воелфер, заменик-министерката за европски прашања во Северна Македонија, Викторија Трајков, како и Герхард Јарош, раководител на меѓународно кривично право во ЛГП Груп и поранешен заменик-главен обвинител во Виена.
ра/са/Фото: принтскрин .
Извор: МИА