Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе одржи три седници.
На дневен ред на 16-тата седница на Комисијата е Утврдување предлог за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.
На другата, 20-та, седница Комисијата ќе расправа по Предлог – одлуката за именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, како и по Предлог Деловник за изменување на Деловникот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија.
По завршување на овие две, Комисијата за прашањата на изборите и именувањата ќе ја одржи и 22-рата седница на чиј дневен ред се десетина точки од делокругот на нејзината работа. сст/мд/
biznisvesti.mk портал