23/05/2025

Трамп се надева на договор меѓу Русија и Украина оваа недела


Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изрази надеж дека Русија и Украина ќе постигнат спогодба оваа седмица.


“Се надеваме дека Русија и Украина ќе склучат договор оваа недела. Двете земји тогаш ќе почнат да склучуваат големи зделки со Соединетите Американски Држави и ќе заработат богатство”, напиша Трамп на неговата социјална платформа “Трут Соушл” (Truth Social).


Според порталот Аксиос, Трамп минатата седмица разговарал за прекин на огнот со високи функционери од неговата администрација, меѓу кои и државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, изразувајќи незадоволство и наведувајќи дека “преговорите не водат никаде”.