23/05/2025

Трамп очекува руски одговор неделава за мировните преговори за Украина


Американскиот претседател Доналд Трамп очекува реакција од Русија во врска со евентуален мировен договор со Украина во наредните денови.


“Ќе контактираме со нив оваа седмица, всушност многу брзо, и ќе видиме,” изјави Трамп за време на прес-конференцијата во Белата куќа по средбата со италијанската премиерка Џорџија Мелони, пренесува ДПА.


Трамп уште еднаш се осврна на украинскиот претседател Володимир Зеленски. “Не сум задоволен од него. Не го критикувам, но тврдам дека не ја изврши работата најдобро.”

“Не сум голем симпатизер,” рече Трамп за неговиот украински колега.


Трамп истакна дека Русија поседува значително поголема војска од Украина и повторно го посочи неговиот претходник Џо Бајден како виновник за војната, исто како што направи неодамна кога ги обвини и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот Зеленски.

Трамп посакува експресен крај на војната и приближување помеѓу САД и Русија. Неговиот специјален претставник Стив Виткоф во последно време неколкукратно отпатува во Москва за да разговара со Путин, потсетува ДПА.


са/Фото: МИА архива

Извор: МИА