Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја нападна работата на гувернерот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел, оценувајќи го како „вечно задоцнет и во заблуда“ и додаде дека неговото повлекување од функцијата треба да се случи „што е можно побрзо“.
Трамп ова го објави денес на една од платформите за друштвено вмрежување. „Премногу е доцна за редукција на каматните стапки следејќи го примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го стори. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега“, напиша Трамп, и порача дека тој е зрел за оставка.
Во обраќање пред Економскиот клуб во Чикаго претходната вечер, Пауел изрази загриженост поради високите тарифи воведени од Трамп, предупредувајќи дека тие можат да предизвикаат успорување на економскиот раст и зголемување на инфлацијата. „Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени“.
Ова не е прв пат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на ФЕД завршува во мај 2026 година. Оваа институција, која се грижи за финансиската стабилност на САД, се смета за автономна и вообичаено Белата куќа не се меша во нејзината работа.