22/05/2025

Трамп: Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциск во Рим


Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека планира да присуствува на погребната церемонија на папата Франциск, кој почина вчера на 88-годишна возраст.


“Меланија и јас ќе одиме на погребот на папата Франциск во Рим”, напиша Трамп на платформата за социјално вмрежување Social Truth.


Претходно вчера, американскиот претседател издаде наредба за спуштање на знамињата на половина копје на сите државни објекти во САД во знак на почит кон папата Франциск, кого го опиша како “добар човек кој вредно работеше”.

Датумот на погребот на папата Франциск сè уште не е утврден. Папата честопати ја критикуваше антиимигрантската политика на американскиот претседател.


сд/фото:Скриншот од Еј-Би-Си