Денеска, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, оствари службена посета на СВР Охрид и Полициската станица за граничен премин „Св. Апостол Павле“, сместена на Аеродромот во Охрид.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Тошковски по увидот заклучил дека е забележан пораст на бројот на патници на овој граничен премин, како и на сите останати гранични премини во склоп на Регионалниот центар – Запад.
Во споредба со претходната година, евидентно е зголемување од приближно 20 проценти на бројот на патници на граничниот премин на Аеродромот, додека на граничниот премин „Блато“ кај Дебар, зголемувањето изнесува околу 30 проценти.
„Се фокусираме на зголемување на техничките услови и човечките капацитети со кои ќе можеме соодветно да одговориме на овој зголемен број на патници коишто го имаме во овој временски период.“
„Добро е што имаме зголемена размена на туристи и сакаме тој број контактно да расте, што повеќе туристи да ги видат убавините на Охрид и Македонија,“ истакна Тошковски.
Тој подвлече дека Министерството за внатрешни работи и СВР Охрид ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигураат дека сите туристи ќе бидат безбедни и ќе уживаат во својот одмор за време на претстојната сезона, како во рамките на СВР Охрид, така и на целата територија на државата.