18/04/2025

Тошковски: Детална контрола на лиценцирани објекти, како и на објекти кои функционираат како дискотеки и клубови


Пожарот во дискотеката во Кочани предизвика итни реакции. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека екипи од МВР, Дирекцијата за заштита и спасување и Државниот пазарен инспекторат денес работат на повеќе локации.


“Опфатени во оваа контрола не се само објекти кои што имаат формална лиценца, важечка или неважечка, ќе видиме понатаму во постапката, туку и сите оние објекти кои што се користат како дискотеки, кабареа, клубови во наредните денови ќе бидат предмет на една темелна контрола, согласно заклучокот на Влада,” изјави Тошковски на денешната прес-конференција.


Тој нагласи дека се спроведува инспекција за да се утврди дали се исполнети сите неопходни услови за нивно работење.

Во однос на констатирањето на фактите релевантни за заштита од пожари, Тошковски рече: “Сепак, утврдувањето на овие потребни предуслови е во надлежност на други институции. МВР да речеме дека дава поддршка во рамки на своја надлежност во овој случај, но констатирањето на сите оние факти кои што се битни од аспект на заштита од пожари, се надлежност на други институции.”


Тошковски додаде дека работата ќе биде завршена брзо, ефикасно и професионално, со соодветни и одлучни чекори таму каде што ќе има услови за дејствување.

“Јавноста ќе биде благовремено информирана,” заклучи Тошковски.


Извор: МИА архива